Градот Скопје стана првата локална самоуправа во Република Македонија што набави патнички автомобил на електричен погон (електромобил) за потребите на градската администрација. Новото електрично возило коешто е од марката Nissan Leaf денеска /22.01.2016 година/ го промовираа градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски и претседателот на Советот на Град Скопје, Ирена Мишева.- Со набавката на овој електричен автомобил Градот Скопје стана првата локална самоуправа во Република Македонија што набавила електрично возило. На овој начин ја потврдуваме заложбата за електромобилност во Скопје, со примена на нови технологии, движење со нула емисии на штетни издувни гасови, почиста и поздрава животна средина и намалување на трошоците за одржување. Ова возило е со 5 врати, со електричен серво управувач, со моќност на моторот од 80 киловати и батерија од 24 kwh. Со обичен приклучок возилото се полни околу 10 часа, а со посебен приклучок – за околу 4 часа. Целосното полнење на батеријата (на евтина струја) чини 67 денари, со која автомобилот поминува 190 километри. Она што е најважно е што емисијата на јаглероддиоксид е 0 проценти со што директно придонесуваме за почиста и поздрава животна средина – рече денеска градоначалникот Трајановски.
За набавка на овој електричен автомобил Градот Скопје потроши околу 1,8 милиони денари со ДДВ. Возилото е набавено од фирмата ТД „Ка-дис“ ДОО Скопје.
– Сакам да нагласам дека Градот Скопје во изминатите неколку години интензивно работи на промоција на електромобилноста во градот. Како потврда за тоа, Градот Скопје е прва локална самоуправа во Република Македонија којашто набави 5 електроскутери и 5 електровелосипеди за потребите на градската администрација. Со ставањето во употреба на новите електроскутери Градот Скопје штеди за гориво и за одржување, а што е најважно, директно придонесува за квалитетот на амбиентниот воздух и за почиста и поздрава животна средина. Исто така, преку ЈП „Градски паркинг“ набавивме 7 нови електромобили со ретро дизајн и 5 електротротинети кои на почетокот на изминатава есен им беа ставени на располагање на граѓаните за туристичко разгледување на знаменитостите во центарот. На граѓаните на располагање им се уште 5 електромобили и 10 електровелосипеди на ЈП „Градски паркинг“ кои беа набавени и ставени во употреба во 2014 година. Исто така, возилата на ЈП „Комунална хигиена“ наменети за одржување на јавната хигиена во строгиот центар на градот се на електричен погон. Со овие преземени чекори Градот Скопје претставува пример за другите институции и за приватниот сектор да вложуваат во електромобили и да го поддржат концептот за електромобилност во Скопје – нагласи градоначалникот Коце Трајановски.
За полнење на електричните автомобили на сопствениците на располагање им се двата полначи за електрични возила во катната гаража „Тодор Александров“, на улицата Даме Груев и во катната гаража „Македонска фаланга“, на улицата Свети Кирил и Методиј. Полнењето и паркирањето на електричните возила во овие две катни гаражи е бесплатно.- Со набавката на овој електричен автомобил Градот Скопје стана првата локална самоуправа во Република Македонија што набавила електрично возило. Н