среда, 25 ноември 2026
Најново

Град Скопје: Ги повикуваме од СДСМ да не ја залажуваат јавноста со невистини во врска со депонијата „Дрисла“

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Градот Скопје остро реагира на невистините изнесени на денешната прес- конференција на СДСМ во врска со изградбата на постројката за третман на отпадот на депонијата „Дрисла“.Реакција испратена од Град Скопје
Ги повикуваме од СДСМ да излезат на терен и со свои очи да се уверат дека на депонијата „Дрисла“ се во тек подготвителните работи за изградба на постројката за третирање на отпадот.
Исто така, не е точен ставот дека доцни инвестицијата на депонијата „Дрисла“ и дека инвеститорот ги пробил роковите за изградба на постројката. Нагласуваме дека рокот за изградба на постројката е 24 месеци од денот на издавањето на градежната дозвола, а градежната дозвола „Дрисла“ ја има добиено во мај, годинава.
Ги повикуваме од СДСМ да не ја залажуваат јавноста со невистини и со паушални и непроверени информации.Реакција испратена од Град Скопје
Ги повикуваме од СДСМ да излезат на терен и со свои очи да се уверат дека на депонијата

Поврзани вести