Град Скопје : Постаментот е без дозвола и треба да биде отстранет!

„Во врска со поставувањето на постамент на кружниот тек помеѓу улиците „Лазо Трповски“ и „Втора Македонска Бригада“, Град Скопје веднаш по почетокот на изградбата на постаментот од страна на непознати лица, упати официјално барање до Државниот градежен инспекторат за отстранување на истиот.Поставувањето на „Двоглавиот орел“ во Топанско поле, беше вистински повод на опозиционите портали и соросоидните платеници да почнат со предизвиквуање на тензии во јавноста, без притоа да се обидат да добијат повеќе информации.
Медиумите на соросоидните новинари и СДСМ, од утринава се обидуваат да создадат немир и тензии помеѓу јавноста поради поставување на постамент во населбата Топанско поле од страна на непознати лица.Ваквата тактика на соросидите и опозицијата е позната, доколку знаеме дека тие освен правење на кризи, немаат друг начин на кој можат да делуваат и да се промовираат. Затоа и овие ситуации максимално ги експлоатираат и се обидуваат да создадат криза од ништо.
Имено, поставениот постамент на кружниот тек помеѓу улиците „Лазо Трповски“ и „Втора Македонска Бригада“ е поставен од страна на непознати лица, незаконски и ќе биде отстранет.
По тој повoд и Градот Скопје упати и официјално соопштение во кое вели:
„Во врска со поставувањето на постамент на кружниот тек помеѓу улиците „Лазо Трповски“ и „Втора Македонска Бригада“, Град Скопје веднаш по почетокот на изградбата на постаментот од страна на непознати лица, упати официјално барање до Државниот градежен инспекторат за отстранување на истиот.
Се надеваме дека Државниот градежен инспекторат во најбрз можен рок ќе го разреши овој случај.“
Место за паника и тензии нема. Без разлика на обидите на опозицијата да создаде раздор, најверојатно се работи за помала група која можеби е инструирана од некого, за потоа оваа ситуација да се искористи во негативна конотација.Поставувањето на „Двоглавиот орел“ во Топанско поле, беше вистински повод на опозиционите портали и соросоидните платеници да почнат со

Пронајдете не на следниве мрежи: