Градоначалникот на Општина Ресен организираше Ифтар вечера за ресенското Муфтивство

По повод рамазанските пости, Градоначалникот на општина Ресен д-р Ѓоко Стрезовски  синоќа  28.06.2016 година во ресенскиот ресторан “Парламент “. организираше ифтар вечера.На ифтар вечерата присуствуваа претставници од ресенското муфтивство при ИВЗ предводени од Ресенскиот муфтија Џунејт Јашар,претседателот на Совет на општина Ресен д-р Менде Пашковски како и поголем број на граѓани од муслиманска вероисповед.
Честитајќи им го светиот месец Рамазан Градоначалникот за време на ифтар вечерата меѓудругото истакна :
Во деновите на големиот рамазански пост ви посакувам добро здравје , ваши лични и фамилијарни успеси и во еден мир и спокојство да го минете големиот рамазански пост. Преспа и Ресен одсекогаш се одликувала со еден препознатлив соживот и толеранција помеѓи различните народи и религии со еден искрен и добронамерен однос на помагање помеѓу заедниците . Јас сум убеден од она што заедно го минуваме и живееме наназад многу години дека истиот начин на сожителство ќе продолжи и понатаму – истакна Стрезовски во своето обраќање пред муслиманските верници.
 
Заблагодарувајќи се во име на ресенското муфтивство , ресенскиот муфтија Џунејт Јашар го потврди вековниот соживот на жителите на Преспа без разлика на верската и етничка припадност и потенцира дека токму тие вредности може да се пример на добар соживот во поширокиот регион и дека ако продолжиме со ова меѓусебно разбирање и почитување заеднички ќе имаме уште поголеми успеси и полесно ќе ги надминуваме проблемите.На ифтар вечерата присуствуваа претставници од ресенското муфтивство при ИВЗ предводени од Ресенскиот муфтија Џунејт Јашар,претседатело

Пронајдете не на следниве мрежи: