Градоначалникот Трајановски на терен на локациите погодени од невремето

Екипите на Штабот за заштита и спасување и денеска /09.08.0216 година, вторник/ делуваа на терен со сета расположлива човечка сила и механизација на терен во насока на расчистување на последиците предизвикани од големото невреме кое го зафати Скопје.Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, присуствуваше на активностите на екипите на јавните градски претпријатија и Армијата на Република Македонија, кои работеа на терен со моторни пумпи во населеното место Инџиково за да ја извлечат насобраната вода од поплавените подруми и од дворовите на жителите.
– Во моментов се распределуваат 100-тина пумпи што ќе црпат вода од поплавените подруми и дворови во населеното место Инџиково. Во текот на денот очекуваме да пристигнат уште 250 пумпи, со што во Инџиково во функција ќе бидат ставени 350 пумпи за помош на граѓаните. Во текот на вчерашниот ден, овде работеа големите пумпи на Противпожарната бригада кои од колекторите ја исфрлаа водата во каналот во Инџиково. Каналот е веќе расчистен со механизација и ќе може да ја прифати извлечената вода од овие 350 пумпи што ќе ги расчистуваат поплавените подруми и дворовите на жителите на Инџиково. Денеска и утре очекуваме да бидат испразнети сите поплавени простории во Инџиково – рече денеска градоначалникот Трајановски.

Трајановски додаде дека и во населените места Синѓелиќ и Стајковци ќе бидат распоредени по 350 пумпи, како и дека во функција ќе бидат ставени вкупно 1.000 пумпи на подрачјето на загрозените населени места, обезбедени од Владата на Република Македонија.
Градоначалникот Трајановски денеска ги посети и населените места Економија, Сингилиќ, Булачани и Шуто Оризари каде изврши увид во работите на екипите на терен.
-За време на посетите Трајановски се сретна со повеќе жители кои имаат претрпено штети, каде им посочи дека целокупниот потенцијал на Штабот за заштита и спасување на Град Скопје, како и целокупниот потенцијал на сите државни претпријатија е целосно насочен кон побрзо справување со последиците предизвикани од поплавите, известуваат од Град Скопје.Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, присуствуваше на активностите на екипите на јавните градски претпријатија и Армијата на Република

Пронајдете не на следниве мрежи: