Граѓаните на Биљановце гневни на Дамјановски: „Живееме во беда во 21 век“

Во општина Куманово повеќето од населбите и селата, најголемиот дел од градските маала со години се заборавени од страна на локалната власт. Во нив живеат 10.000 наши сограѓани кои секојдневно газат кал, трпат штета од раскопаните улици, длабоко навлезени во 21 век, а се уште немаат приклучокот кон водоводна и канализациска мрежа.  И уште многу други проблеми за кои постојано алармираме со цел за нивно што поскоро решавање.Биљановце, како што велат тие е едно од таквите населени места, каде што не се решени најголем дел од проблемите.
-Биљановце како да не постои за актуелната локална власт. Жителите на Биљановце по се изгледа дека се заборавени, така што остана само празни ветувања од страна на градоначалникот на последните локални избори, кога беше ветувано се и сешто: од уличноно осветлување, изградба на спортски игралишта, па се до изградба на водоводна и канализациска мрежа. Исто како и на други места и во Биљановце проблемите се оставаат, велат од ВМРО-ДПМНЕ ОК Куманово.
Тие го прашуваат градоначалникот Зоран Дамјановски, дали воопшто знае дека Биљановце се наоѓа во општина Куманово и која е причината што целосно се игнорира постоењето на ова населено место?
-До кога ќе трае вашата неодговорност? Работите кои што треба да ги завршите денеска чекаат со години за да бидат реализирани. Останаа уште неколку месеци од вашиот мандат. Во тие месеци сите ние знаеме дека ќе водите кампања за да го вратите вашиот целосно нарушен углед. Секојдневно се служите со манипулации и разни оправдувања за децениското неработење. Тука сме да ве потсетиме дека вашата лична и партиска кампања не е важна и дека граѓаните бараат вистински решенија, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ ОК Куманово.
Затоа ОК на ВМРО-ДПМНЕ го повикува Дамјановски конечно и сериозно да ги земе во предвид маките на сограѓаните.
-Како прво немаме вода. И секојдневно се соочуваме со многу проблеми. Немаме ни улици ниту пак канализација, треба да се реновира и училиштето, нема игралиште за деца. Како да сме заборавени и да не постоиме а за избори се ни ветуваат, вели жителка на Биљановце.
-На само 2 км сме одвоени од Куманово а ние немаме канализација. На секои избори ни викаат ќе биде ќе биде и кога ќе дојде на функција се заборава, вели друг жител на Биљановце.Биљановце, како што велат тие е едно од таквите населени места, каде што не се решени најголем дел од проблемите.
-Биљановце како да не пос

Пронајдете не на следниве мрежи: