Граѓаните одговараат на анкета спроведена од курир: Заев се плаши зашто ништо не може да направи тој. Ништо не може. Се лаже, што да правиме. Кој ќе победи, на тој што ќе му дадеме глас. Затоа и бега тој, друго чаре нема од него. Само гледа да ја поквари Македонија, да ја руши. Тоа е проблемот, вели еден граѓанин на Куманово.Државната изборна комисија (ДИК) утре или најдоцна во недела ќе ги објави првичните податоци од вкрстувањето. Според првичните информации кои ги објави весникот ДНЕВНИК, станува збор за околу 100 илјади лица кои ги има само во една база на МВР. Главно, околу 90.000 од нив се Албнци.
Првичните информации, како што објави весникот говорат дека не се работи за фантомски гласачи, туку за македонски државјани со валидни адреси, но кои ги нема во актуелните бази со кои располагаат домашните институции последните неколку години.
-Најмногу од овие државјани, речиси 90 отсто, се заведени во општините Гостивар, Струга, Тетово, Kуманово, Теарце, Врапчиште, Чаир, Боговиње, Липково, Желино… Според етничката структура, од државјаните што ги немало во првичните бази во институциите, нешто под 90 илјади се Албанци, а преостанатите се Македонци и други, објави ДНЕВНИК.
Овие информации делумно ги потврди вчера во Крива Паланка и опозицискиот лидер Зоран Заев, кој рече дека очекува слична бројка и ги нарече неконзистентни гласачи.
-Очекувањата се дека ќе бидат откриени повеќе од 100.000 сомнителни податоци. Ја користам можноста да се заблагодарам на граѓаните кои што ги пријавуваат сите сомнителни или така наречени неконзистентни случаи пронајдени во самиот избирачки список, рече Заев.
Анкетираните граѓани од повеќе градови велат дека немало недоследности во списокот и дека на нивните избирачки места немало проблеми. Обвинувањата на СДСМ околу Избирачкиот список граѓаните ги толкуваат како нов обид за бегство од избори.
Се плаши зашто ништо не може да направи тој. Ништо не може. Се лаже, што да правиме. Кој ќе победи, на тој ќе му дадеме глас. Затоа и бега тој, друго чаре нема од него. Само гледа да ја поквари Македонија, да ја руши. Тоа е проблемот, вели еден граѓанин на Куманово.
-Тоа тие го измислуваат за да прават гужва, да дојдат на власт иако луѓето не ги сакаат, тие да дојдат на власт, да прават бељи. Тие биле на власт и пензијата ни ја скина, се затворија. Овие ни качија пензија, социјално, студентите шетаат без пари, пензионерите шетаат без пари. Субвенции даде, нема што. Ама овој на сила сака да дојде на власт. Ако никој не го сака, само да дојде на власт. Јас не знам е. Се е во ред, не имало на список. Се е во ред, толку години сум стара веќе. 50 години тука никогаш не сме имале проблем. Ни јас, ни маж ми ни децата. Се е во ред. Тие само измислуваат. Имаат веројатно некоја поддршка од страна, некој го буцка и тоа е тоа, додава друг кумановец.
-Не сум проверила и не знам каде се проверува, а излегувам на гласање на исто избирачко место. Мислам во нашиот регион каде што гласам, до сега немало никакви инциденти. Можеби постои проблем некаде по селата, не знам. Не сум запознаена, вели жителка на Крива Паланка.
-Не знам, како да кажам. СДСМ беше се испродало. И Пелагонија и фабрики и комбинати. Ништо нема. Што ќе ми е СДСМ?…
-Мислам дека не би требало да има затоа што тоа се податоци кои се земаат од Министерството за внатрешни работи. Не би требало да има малверзации, единствено ако некој не е избришан од погребани па некој за нив да гласа. Мислам дека тие со сила сакаат да се избегнат гласањата. Сакаат да дојдат на власт без избори, а тоа не може. Јас мислам дека секаде постојат улици кои на адресите немаат броеви, само улицата стои…
-Има, нормално е да има. Секое село нема улица, сите се адресирани на една, по поранешни услови задна пошта. Се уште постои тоа, така да во иднина најверојатно ќе се реши и тоа…
-Тие се прават, сакаат да избегаат од изборите. Се да најдат маана само да се избегнат изборите. А никаква програма немаат да дадат да ги залажат луѓето да си речат оваа програма е поарна, ќе гласаме. И Бранко вети по еден човек ќе вработи, ништо. Овие сега немаат никаква програма, вели еден жител на Битола.
-Ќе бегаат тие, немаат друг излез. Штом го обновија поново да се помери, се знае дека не можат да победат и сега бегаат. Секогаш оној кривиот бега. СДСМ ова што го прави не им доликува како учени луѓе, додава друг граѓанин…
И сограѓаните на Заев од Струмица велат дека немале никакви проблеми при остварувањето на нивното право на глас.
-Не сум имал никакви проблеми. Си одам чесно и поштено си гласам каде сакам, никој не ме притиска, никој не прашувам и не дозволувам никој да ми влијае, вели еден струмичанец.
-Никогаш немало проблем, има таму претставници од сите партии и тука каде што се избирачките места. Не може некој по 3-4 пати да гласа. Како ќе гласа кога знаат и тие што се претставници од истата партија од исто место, се познаваме меѓу себе. Така е и секаде веројатно, на секое избирачко место…
-Искрено, многу не сакам да мешам во тие работи бидејќи си има стручни лица за тоа, меѓутоа сметам дека секој ако има смртен случај си го пријавува, лицето се потпишува. Потоа кога проверуваме на список гласачки го нема. Мислам дека е исправно, дека е во ред, вели една прилепчанка
Експертите деновиве излегоа со согласен став дека луѓето кои имаат валидни лични карти не се фантомски гласачи без разлика каде живеат, сметаат експертите и додаваат дека и од опозицијата се свесни дека во голем дел од земјата нема систем на улици, но тоа не смее и не е ограничување за да се оспори нечие право на глас. Целата циркузијада и нападите од СДСМ околу Избирачкиот список се само провиден обид за бегство.
Вчера и директорот на Катастарот Славче Трпески потврди дека голем дел од граѓаните на Македонија кои ги немаат легализирано нивните домови или кои живеат во места каде нема систем на улици немаат соодветни адреси. Регулирањето на тој систем е долготраен процес и не е поврзан со избирачкото право. Најсуштински е принципот ЕДЕН ЧОВЕК- ЕДЕН ГЛАС, а голем дел од документите кои се издавани граѓаните ги добиле уште од времето на СДСМ и тоа не значи дека тие се фантоми
-Добивам впечаток дека овие објави очигледно можни се две работи. Една работа е да имаме тотално непознавање од актуелната состојба со адресите во Република Македонија, а втората ситуација е дека добро ја знаеме, па сакаме да ја злоупотребиме. Податоците коишто ги објавува ДИК се местата на живеење на луѓето коишто ги води МВР. Преку 90% од селата во Македонија немаат адресен систем, нема ни правила како се утврдуваат тие адреси. Но тие живеат. Тие не живеат во иста куќа 500, 500, 1000 луѓе туку секој во својот дом. Но за да пријавите место на живеење вас ви е потребна адреса. А за цело село може да има само една адреса. Целото село или еден дел од тоа село може да биде пријавено на таа адреса. Затоа, кога ќе се одбере таа адреса, излегува дека живеат 100, 50, 30 или илјада луѓе. Не подобра е ситуацијата во градовите, посебно во деловите каде што има бесправно изградени објекти, а преку 360.000 граѓани пријавија бесправно изградени објекти. Адреса не може да се додели на бесправно изграден објект. Согласно законот, потребно е да се има имотен лист за да се добие адреса. Граѓаните со цел да добијат лична карта и живеалиште ја пријавуваат онаа најблиска адреса, којашто е актуелна и којашто постои. Но немањето на адресен систем и регистер го оневозможува МВР да провери дали таа адреса навистина постои на лице место. Затоа голем број на граѓани си се пријавиле дека живеат на соодветна адреса иако на лице место имаат свој дом, си живеат во свој дом и никој не може да им го ускрати избирачкото право поради тоа, вели директорот на Агенцијата за Катастар, Славче Трпески.
Тој додава дека од 1990 година сега скоро секоја година имаме избори. Во избирачките одбори, освен претставници од администрацијата има претставници од најголемата опозициска и позициска партија.
-Ако има фантомски гласачи, зарем сметате дека истите немало да бидат откриени до сега? Во тие избирачки одбори се луѓе кои живеат на местото каде што се гласа. Тоа се сите комшии, роднини и пријатели коишто живеат на тоа место. Злоупотребувањето на адресните податоци во делот на тоа дека тие луѓе се фантомски, немањето на точни адреси, адресен регистер, да се злоупотреби дека тие се фантоми е потценување на народот и лично на тие луѓе коишто живеат на тие места. Со едноставна проверка на лице место може да се види дека тие луѓе имаат свои објекти, свои куќи и живеат во тие живеалишта. Како што кажав, или од тотално непознавање на сегашните прилики со адресниот систем во Република Македонија, кој го менуваме и усогласуваме согласно европските стандарди и во чекор сме со сите европски држави во овој дел, или како тотално користење на ова во политички цели се со цел да се оцрни нешто што ниту му е место ниту му е време, вели Трпески.Државната изборна комисија (ДИК) утре или најдоцна во недела ќе ги објави првичните податоци од вкрстувањето. Според првичните информации кои ги об