Со радост ве известуваме дека Граѓанската иницијатива Охрид SOS вчера (22 март 2015 г.) ја имаше првата теренска акција под мотото „За чисто блато – ето зато!“.Акцијата беше реализирана за да се одбележи Светскиот ден на водите, а настанот се најде и на картата на светски настани на Обединетите Нации. На акцијата, иако беше најавена нецели 24 часа пред нејзиното одржување, се појавија околу петнаесетина волонтери.
„Во најголем број од локалното здружение за заштита на животните „Анималиа“, за што сме им многу благодарни. Но, исто така, благодарни сме и на сите останати волонтери кои одвоија дел од своето време во недела и кои и покрај неизвесните временски услови и тешко пристапниот терен, излегоа и ни помогнаа заедно да го исчистиме блатото од ѓубре, заедно да направиме езерото полесно да дише. Бидејќи површината за чистење е голема, ѓубрето се собираше на три пункта. Собравме доста отпад како што можете да забележите и од самите фотографии“, велат од оваа граѓанска иницијатива и додаваат:
„Ние веруваме дека многу наскоро граѓаните од Охрид ќе почнат сѐ помасовно да ни се приклучуваат бидејќи Охрид е на сите нас. Ние знаеме дека нема да се откажеме и дека ќе одиме до крај. Додека Студенчишко Блато не се остави на мир. Додека Охридското Езеро не им се врати на охриѓани и на Македонија. Додека природата не ги добие почитта и третманот што ги заслужува. Колку побргу сфатиме дека немаме резервна планета, толку подолго ќе си ја одржиме во живот оваа што ни е дадена. Жак Кусто рекол `водата и животот се синоними` – тоа е нешто што никогаш не смееме да го заборавиме!“.Акцијата беше реализирана за да се одбележи Светскиот ден на водите, а настанот се најде и на картата на светски настани на Обединетите Нации. На а