Повеќе од 4 децении откако книгата е објавена, прогнозите на „Граници на растот“ докажани се со нови австралиски истражувања. Се очекува дека наскоро ќе почнат да се објавуваат и претходни студии за глобалниот колапс. Книгата од 1972 година „Граници на растот“, која предвидела дека нашата цивилизација веројатно ќе исчезне некаде во 21-от век, е критизирана како фантазија за судниот ден од моментот кога е објавена.Некаде во во 2002 година, самостојниот експерт Бјорн Ломборг ја испратил оваа книга во минатото. Но таа не припаѓа таму.
Истражувањето на Универзитетот од Мелбурн потврдило дека, гледано 40 години подоцна, прогнозите на книгата се точни. Доколку продолжиме по истиот пат книгата предвидува дека раните стадиуми на глобалниот колапс ќе настапат брзо.
Истражувачкиот тим на МИТ ((Massachusetts Institute of Technology) во кој биле сопружниците Донела и Денис Медовс, создал сметало кое ја следи светската економија и околината. Наречен е World 3 и бил последен крик на технологијата во тоа време.
„Се по старо“
Задачата била многу амбициозна. Тимот ја следел индустријализацијата, популацијата, храната, употребата на ресурсите и загадувањето. Моделирале податоци до 1970 година и тогаш развиле неколку сценарија до 2010 година, зависно од тоа дали човештвото ќе превземе озбилни чекори кога се во прашање проблемите со околината и ресурсите. Доколку тоа не би се случило, моделот предвидувал „достигнување на крајната точка и колапс“ – во економијата, околината и популацијата- пред 2070 година. Ова сценарио го нарекле „business as usual“ (се по старо).
Централната теза на книгата, која е критикувана од тогаш, била дека „Земјата е ограничена“ и дека неограничениот раст на популацијата, материјалните добра и слично еден ден ќе доведе до пропаст.
Дали биле во право? Др. Грахам Турнер собрал податоци од Соединетите народи.
Резултатите покажале дека светот го следи од блиски сценариото „се по старо“
Податоците не се поклопуваат со останатите сценарија.
Овие графи покажуваат податоци од реалниот свет и тие ја оцртуваат првата линија. Испрекинатата линија го покажива сценариото „се по старо“ од „Граница на растот“ се до 2010 година. До 2010 година податоците шокантно наликуваат на оние од прогнозата од книгата.
Како што објасниле истражувачиоте од МИТ во 1972 година, според тоа сценарио пропастот на популацијата и побарувачката за материјално богатство ќе резултира со поголемо индустриско загадување. Графите покажуваат ова навистина се случува. Ресурсите се користат рапидно, загадувањето расте. Популацијата расте многу брзо.
За сега „Граници на растот“ се поклопуваат со реалноста. Што ни следува?
Според оваа книга, за да се нахрани континуираниот раст на индустриските производи мора да се мора да се зголемува употребата на ресурсите. Но набавката на ресурсите поскапува затоа што тие се трошат. Колку повеќе капитал се користи за извлекување на суровини, индустрискиот производ по жител ќе почне да опаѓа- според книгата од 2015 година.
Вториот дел од текстот погледнете го на следниот линкНекаде во во 2002 година, самостојниот експерт Бјорн Ломборг ја испратил оваа книга во минатото. Но таа не припаѓа таму.
Истражувањето на У