Грчев ја разгорува националната нетрпеливост, што е кривично дело

Членот 3 од законот за спречување и заштита од дискриминација експлицитно забранува секаква форма на директна или индиректна дискриминација и врз основа на политичка припадност на личноста.Универзитетскиот професор Тони Науновски, член на Комисијата за заштита од дискриминација го осудува говорот на омраза од страна на Мирослав Грчев, “експертот“ на СЈО.
-Во овој текст на наведениот автор има директна дискриминација на личности (г-н Груевски како Претседател на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ – која авторот ја означува како ВМРО-Фашистичка, иако целиот значенски контекст имплицира идентификација на овој израз со ВМРО-ДПМНЕ), а посредно тоа се однесува и на сите членови на оваа политичка партија. Има и мноштво други квалификации и поими кои несомнено претставуваат јасен и недвосмислен дискриминаторски однос, кој излегува надвор од слободата на говорот и правото на слободно изразување на мислење. Доколку Комисијата добие претставка за овој текст, ќе постапиме според деловникот за работа и законот. Дисеминацијата на значења и распрснувањето на импликации во овој текст, по една длабинска анализа во различни интерпретативни контексти, директно ќе докаже и дека овде има екплицитен говор на омраза кон повеќе субјекти. Но тоа треба да биде работа на Јавното Обвинителство како институција и на правосудниот систем на Македонија, затоа што во овој текст има најдиректни повици за насилство, за палење и уривање на јавен и државен имот (бараките на град Скопје, зградата на Владата, споменици). Овој текст претставува, според мое мислење, и директно разгорување на национална нетрпеливост, што е кривично дело според Уставот, и треба да биде санкционирано во процедура која јавното обвинителство треба да ја поведе по службена должност, вели Науновски во изјава за КУРИР.
Потсетуваме, Мирослав Грчев кој беше фаворизиран од Катица Јанева да изработи вештачење со кое неосновано ќе се конструира предмет во врска со уривањето на дивоградбата „Космос“ во својата најнова колумна „Со оган на владата и советот на град Скопје“, повторно повикува на насилство и пресметки со ВМРО-ДПМНЕ.
-Ако ги запалиме бараките на Град Скопје и зградата на Владата – симболично одговорните топоси за ова злосторничко уништување на нашите животи, интегритет и достоинство – и ги „обработиме“ со градежна механизација, со булдожери и багери, Спомениците на Злото од „Скопје 2014“, е тогаш бидете сигурни дека тие скотови ќе ја сфатат пораката, пишува “експертот“ на Јанева.
Освен „скотови“ во вулгарниот политички памфлет, Грчев ги оцрнуваат сите членови и симпатизери на ВМРО-ДПМНЕ, прогласувајќи ја целата партија за фашистичка.
„Кретени и криминалци“, „мафијашко-партиска држава со фашистичко идеолошко ударение“, „арамии, лопови и ништожници“, „девијантните криминални умови“ се само дел од бројните недолични клевети и навреди искажани од експертот ангажиран од Катица Јанева.
Специјалното јавно обвинителство и Катица Јанева со премолчување, засега ги одобруваат ваквите настапи на нивните експерти и вештаци, потврдувајќи ги тезите дека СЈО не работи професионално, неселективно и по закон, туку настапува по партиската агенда на СДСМ – СОРОС.Универзитетскиот професор Тони Науновски, член на Комисијата за заштита од дискриминација го осудува говорот на омраза од страна на Мирослав Грчев,

Пронајдете не на следниве мрежи: