Грчката државна Агенцијата за приватизација (HRADF) понуди на аукција 28 државни згради, меѓу кои се и оние на министерството за внатрешни работи, министерството за култура и управата на атинската полиција. Јавниот повик за учество на наддавањето или за земање под долготраен закуп на 28-те згради беше објавен во понеделникот на интернет страницата на Агенцијата.На списокот, покрај објектите на Министерството за култура, централната зграда на Министерството за внатрешни работи, Главната полициска управа на Атина, се и зданија на министерствата за правда, за здравство и за образование, потоа на националната служба за статистика, Генералниот секретаријат за медиумите, како и зградите на поголем број регионални полициски и даночни управи.Во првата фаза, инвеститори се должни до 19-ти април да ја потврдат својата заинтересираност за учество на наддавањето, а подобните кандидати ќе бидат поканети да учествуваат во втората фаза, по што тие мора да ги достават своите финансиски понуди.Грција се обврза пред меѓународните доверители од Европската унија и Меѓународниот монетарен фонд во текот на 2013 година да обезбеди 2,6 милијарди евра од приватизацијата.На продажба се ставени, исто така, и гасната државна корпорација DEPA и операторот со транспортниот систем за гасот DESFA, монополот на лотаријата, железницата, регионалните пристаништа и аеродроми.
Макфакс Грчката државна Агенцијата за приватизација (HRADF) понуди на аукција 28 државни згради, меѓу кои се и они