Грците го обесија дедо ми, го застрелаа татко ми

Болка во насолзените очи, но истовремено и боемски поглед. Иако животната голгота е исцртана на неговото лице, 64-годишниот Живко Божиноски, Егеец по потекло, родум од Прилеп, дете на бегалци од граѓанската војна во Грција, зрачи со посебен шарм додека не` пречекува во едно кафеанче на главната улица во Охрид, пишува весникот ДНЕВНИК.Неговите пријатели веднаш ја ослободуваат масата на која тој седи штом ја здогледуваат нашата екипа и го отпоздравуваат со огромна почит.
– Добре дојдовте, повелете да се освежите од патот, а потоа да работиме – ни вели расположен да си го сервира животот пред нас. А има материјал за неверојатна автобиографија.
Печатот на тешката судбина врз чичко Живко, како што без проблем се согласи да му се обраќаме, е ставен уште пред да се роди оти потекнува од егејско семејство. Љубовта на неговите родители почнува во Леринско, некаде на средината помеѓу селото на мајка му, Неволјани, и на татко му, Горни Kотор.
Некои од неговите 12 браќа и сестри биле веќе родени кога се случила првата трагедија, но затоа вели сака да продолжи да раскажува во селото – веќе 23 години познато по своите „Поетски ноќи“ во Велестово.
– Посебен е мирот во душата кога езерото ви ја крепи мислата – ни вели додека веќе се возиме во тој правец.
Убиен и татко муБаба му и дедо му, како и татка си, никогаш не ги видел. Убиени се од Грците. Прв настрадал дедо му Дине во 1947 година. Бил кодошен на грчките власти од страна на шпиони меѓу Македонците дека со семејството во својот дом зборува на македонски јазик.
– Една ноќ шпионите минале цела вечер под пенџерето скриени кај нашата куќа во Горни Kотор. Властите не губеле време. Веднаш кога им било пренесено, уште утрото го извадиле Дине од куќата и го обесиле пред црквата „Света Петка“ – раскажува чичко Живко.
Случката го преплашила татко му, но и го разочарала, видел неизвесна иднина за себе и своите деца, па брзо по немилиот настан тргнал кон Бугарија, кон тогашна Горна Џумаја (денешен Благоевград). Неговата сопруга го следела, но од друга страна ја напуштила Грција за да не бидат фатени заедно. Горна Џумаја била зборното место од каде што семејството Божиноски, преку Гаково, стигнале до прилепското село Веселчани. По бурен бегалски период, успеале да најдат мир, по што во октомври 1952 година е роден нашиот соговорник.
И додека Божиноски правеле планови за иднината, светот одново им се срушил на глава. Стариот, како што го нарекува Живко татка си, ја доживеал истата судбина како и неговиот родител.
– Јас сум бил бебе од 6 месеци. Но, мајка ми редовно ми ја повторуваше сликата од случката, па се чувствувам како пред очи да ми била. Татко ми тргнал да полни вода на чешмата. Одеднаш влетал автомобил со грчки службеници кои пукале во него и заминале -вели Живко.
Со болка потисната некаде длабоко зборува за тоа колку му е тешко што не го познавал татка си – освен од слики, а една секогаш си носи со себе.
– Мајка ми н` израсна сама, никогаш не донесе друг човек да го викаме татко. Немавме ни парче земја свое, бевме многу сиромаси, ама мајка ми работеше што ќе најде за да ни донесе дома топол оброк. Не можев повеќе така. Цело време додека учев основно, гледав во атласот каде да побегнам, да се спасам себе, но и моите од сиромаштија – вели чичко Живко.
Тогаш и почнува неговата нова животна страница.
Со парите од украдениот костум на воз до АвстријаЕден доцен мајски ден скришум го зел костумот од брат му, го продал и заработил пари за билет до Јесеница. По неколку дена, заминал со првиот воз. Имал само 15,5 години, а целта му била Австрија. Kога се симнал на крајната станица, немал избор како понатаму, па одлучил сам пеш да ги мине Алпите. Успеал.
– За речиси 4 дена бев во Австрија. Беше ноќ, врнеше многу, јас бев накиснат, прегладнет, преплашен, бев дете кое немаше ни 16 години. Талкајќи така, пред мене наиде полициско возило со австриски таблички, ме земаа и ме однесоа во Вилах, ме најадоа и ме качија во друга соба на испрашување – раскажува тој.
Иако бил дете, повлекол мудар чекор со кој му се отвориле сите врати понатаму. На прашањето на полицајците колку години има, Живко, бидејќи немал да приложи документи како доказ, одлучил да се прикаже полнолетен, па одговорил: 18.
– Оттука ме однесоа во еден логор во Kлагенфурт каде што останав 15 дена. Таму ме испрашуваше еден Бугарин од Пиринска Македонија и подоцна многу ми помогна. Од Kлагенфурт повторно со воз сите н` однесоа во Бадел, односно н` истоварија во логорот „Драјкирхен“ (три цркви). Јас, пак, бев во рацете на Бугаринот, со чија поддршка потоа положив и испит, што беше услов да добијам лична карта и сите потребни документи. Тогаш првпат ~ се јавив на мајка ми каде сум и дека сум жив – објаснува Живко.
По осум месеци во Драјкирхен, заминал за Австралија со брод. Патувал еден и пол месец. Сакал да стигне до брат му, кој веќе бил во Перт. Несреќно завршил во Kамбера, бил излажан од извесен Австралиец кој му ветил дека ќе го вработи како механичар, а всушност го оставил да спие во дворот на неговата куќа во изградба, буквално под ведро небо, додека денски, кога работеле на куќата, го злоупотребувал терајќи го да крева тешки материјали и тули.
Ќерките не ги видел 28 годиниСтарата изрека роди ме мајко со касмет и фрли ме на буниште е олицетворена во него. Само што си посакал да биде спасен, едно утро, крај куќата минувал Босанец, од кого Живко очајно побарал помош. Овој се скршил од тага што младо момче од Југославија се наоѓа во ваква состојба и без двоумење се понудил да му помогне.
– Не само што ме зеде од кај лошиот човек, туку испадна и дека живее во истото место каде што живее брат ми, па ме однесе до неговата куќа, тогаш ја сретнав и мојата прва жена и голема љубов, Тери – вели Живко и одеднаш престанува.
Очите с` повеќе му се полни со солзи оти следува најболниот дел од неговиот живот.
– Бевме многу млади. Таа е Италијанка по потекло, а љубовта беше толку силна што нејзините буквално од дома ја избркаа кога реши да ми стане жена. Беше малолетна, имаше 16 години, а нашата прва ќерка ја роди на 16,5 години – додава тој, но с` потешко станува раскажувањето.
Солзите ја соборија неговата корпулентна фигура. Сепак, успева да се соземе замолувајќи н` да привршиме со разговорот оти емоциите нема да му дозволат да ја отвори душата уште.
– Имавме преубав живот. Но, во 1984 година многу се разболе мајка ми. Бев очаен, тажен, не сакав да ја оставам сама, сакав да ја чувам и негувам. Но мојата жена не се сложи да останеме да живееме во Македонија, а јас на тоа ~ одговорив „жена се наоѓа, мајка не се наоѓа“. Јас останав, таа засекогаш си замина со двете наши ќерки. Ги немам видено од 1988 година – завршува чичко Живко.
Н` кани на богат ручек кај негов пријател во селото. Ветрот и одблесокот од езерото полека ги мијат тажните мисли, но не можат да ги избиршат.
– Најважно е животот да се живее со полна пареа. Не се каам за ништо што сум направил, освен што си ги оставив децата. Наскоро одам во Австралија и ќе го направам и невозможното да ги натерам да ме гушнат пак – ни вели со крената чаша шприцер. Мечтаејќи за средбата со децата, тој му е најверен другар.
Пред да умрам децата да си ги соберам околу мене
Kога останал во Македонија за да ја чува мајка си, купил куќа во Охрид и тука останал засекогаш. Kако млад, на триесеттина години, доволно богат, бил цел на женските очи на охриѓанките, па се оженил и втор пат со сегашната сопруга. Со неа има уште една ќерка, од која има и внук.
– Тој ме одржуваше во живот до неодамна. Пред неколку месеци и нив ги пратив во Австралија. Таму ќе се посреќни. Но, не и јас, како ли јас ќе издржам без внукот – вели Живко.
§ оставил аманет на ќерка си да ги најде нејзините две сестри и да се запознаат.
– Ако не успее, јас затоа ќе одам, во јануари или февруари, бар пред да умрам децата да си ги зберам околу мене, да ја немаат истата судбина како мојата, да бидат сами без татко – додава тој.
Само јас останав Божиновски, другите се Божинидис
Татковата куќа во Леринско секогаш е отворена за него. Сите браќа и сестри на татко му се пишале дека се Грци и останале на имотот, никогаш не бегајќи од таму. Чичко Живко, пак, многу често, како што вели, е на кафе во Лерин.
– Сите, освен татко ми, се останати таму. Но, јас не би одел да живеам, си ја сакам Македонија, а и целиот свет го имам прошетано, покрај Австралија и Kанада, а за Европа да не зборуваме. Никој, освен татко ми и јас, не остана Божиноски. Нашите роднини, за да живеат мирно, станаа Божинидис – вели тој.Неговите пријатели веднаш ја ослободуваат масата на која тој седи штом ја здогледуваат нашата екипа и го отпоздравуваат со огромна почит.
&

Пронајдете не на следниве мрежи: