Груби: Ова Собрание може да го „заокружи случајот со името“

Овие резултати во Сoбранието можат да овозможат решение за  заокружување на спорот со името, вели Шефот на кабинетот на Ахмети, објавува ТВ НОВА.Артан Груби во дебатна емисија тој рече дека  на сите им било јасно дека без промена на името не можело да се направи прав исчекор кон ЕУ и НАТО.
„Сите ние што сме тука знаеме и не само ние, туку и Вашингтон и Брисел дека ако Македонија не го смени името во согласнот со барањата на Атина, не може да направи прав чекор кон НАТО и ЕУ. Името не може да го промени ниту ДУИ, ниту БЕСА, ниту пак ВМРО сами или пак СДСМ сами. За името треба сите заедно да постигнеме консензус и можеби ова е една многу добра можност и ако се има добра волја, овие резултати во Сoбранието можат да ни овозможат решение да го заокружиме случајот со името“, рече Груби.
Всушност и една од точките во платформата предвидува решавање на спорот за името и која исто така предвидува и вклучување на Албанците во работните групи за директни преговори со Грција. Според познавачите ова е во насока на слабеење на македонските позиции во спорот со јужниот сосед.
Професорката по уставно право Гордана Силјановска, оценува дека албанската платформа во многу елемнти е неуставна, и води кон бинационалност, а не зајакнување на мултетничноста во државата.
„Голем дел од одредбите на платформата се надвор од рамовниот и уставот. Постигнување на целосна рамноправност во согласност со охридскиот договор и уставот, претпоставувам се мисли не на граѓанска туку за целосна рамноправност на Македонците и Албанците. Во сите федерации на етнички клуч да ја вратам меморијата на југословенската постоеше рамноправност на 6 федерации и републики. Барањата за двојазичност на банкнотите и униформите е нешто што постои во федерација. Симболите многу често повеќе кажуваат од зборовите“,појаснува Силјаноска.
Професорот Љубомир Фрчовски пак потврди дека Платформата е причина за одложување на локалните избори.
Последната анкета на Институтот за политички истражувања покажува дека платформата го стопи рејтингот на СДСМ.Артан Груби во дебатна емисија тој рече дека  на сите им било јасно дека без промена на името не можело да се направи прав исчекор кон ЕУ и НА

Пронајдете не на следниве мрежи: