Груевски: IBM ја рангираше Македонија прва во светот по новоотворени работни места по глава на жител

Покрај сите предизвици со кои што се соочуваше и соочува нашата држава на политички план и наметната политичка криза што со себе ги донесе и пропратните економски ризици, еве и една одлична вест за нашата држава, пишува лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски на социјалната мрежа Фејсбук.во продолжение интегрално го пренесуваме неговиот статус
Република Македонија е рангирана на првото место во Светот по бројот на ново oтворени работни места, компаративно гледано со другите земји по глава на жител. Убедливо пред сите останати земји во регионот, Европа и Светот Република Македонија е рангирана на прво место глобално за 2015-та година согласно објавени нови работни места од директни странски инвестиции по глава на жител во годишниот извештај на “Global Location Trends 2016 Annual Report”, објавен во месец Август 2016 од страна на “IBM Institute for Business Value”. Самиот институт укажува на тоа дека и малите држави може да бидат успешни и Македонија втора година по ред е рангирана на првото место во Светот, односно и за 2014 година согласно објавените нови работни места од директни странски инвестиции по глава на жител Македонија се најде на врвот на ранг листата на овој институт.
Инаку “IBM Institute for Business Value” е реномирана деловна истражувачка организација која се фокусира на менаџерски и економски прашања со кои се соочуваат компаниите и владите од целиот свет. Таа има свои канцеларии во Европа, Кина, Индија, Ирска, Јапонија, Холандија, Јужна Африка и САД, и објавува помеѓу 35 и 50 големи студии секоја година. Исто така, “IBM Institute for Business Value” е дел од интегрирана консултантска организација, денес позната како “IBM Global Business Services”.Конкретниот извештај “Global Location Trends 2016 Annual Report” за рангирањето на Република Македонија е изработен од страна на “IBM – Plant Location International”, специјализиран за корпоративна локација и стратегии за економски развој низ целиот свет. Организацијата одржува сопствената база на податоци за глобални локациски трендови која ги следи прекуграничните гринфилд инвестиции и проширувањата на инвестиции низ целиот свет. Податоците, исто така се користат за изработка на годишен извештај “Global Location Trends Annual Report”, како и на детален извештај за глобални локациски трендови, како и за изработка на извештаи со факти и бројки кој го користат многу влади, но и глобални компании.

Она што е поважно, што политиките за привлекување на странски инвестиции даваат резултати и тие се вреднувани од оваа како и многу други меѓународни организации. Мојот сон, часовите поминати со тимот за инвестиции во реализација на она во што силно веруваме се исплатува. Мојата лична цел уште од првиот ден кога ВМРО-ДПМНЕ ја доби довербата да ја управува државата е како да се намали невработеноста, она што преставуваше можеби и најголемото барање и најболната страна на македонските граѓани. И после извесен период можам да кажам дека во голема мера успеавме, ја намаливме невработеноста. Тоа го говорат и бројките. Од 38 осто колку што изнесуваше во време на СДСМ ја намаливме на 24.5 отсто во првиот квартал на оваа година, а цели 2.8 отсто за само една година. Огромен удел во ова намалување имаат странските директни инвестиции кои носат нови работни места за невработените но и работа и вмрежување со многу домашни компании.
Ова е и најдобар демант на сите кои што не критикуваат за политиките за носење на странски инвестиции. Ние ги носиме затоа што на Македонија и треба брз напредок, многу нови работни места кои што можат да ги овозможат единствено поголемите странски компании, но тоа е и огромна потпора за домашното стопанство.
Зошто работните места се толку важни за нас и зошто тие се во врвот на нашиот интерес? Новата работа освен обезбедување на финансиска стабилност за невработениот значи и стекнување на чувство на сигурност, врз кој се темели и секој понатамошен негов потег, можност за оформување на семејство, или доколку веќе има можност за негово проширување, за овозможување на добро образование за неговите деца, за планирање на иднината.
Ние и во иднина ќе продолжиме да помагаме, да работиме на отворање на нови работни места. Работата не е целосно завршена и ќе направиме уште многу. Лесно е да се критикува, но многу е потешко да се сработи. Ние го одбравме потешкиот, но и исправен пат, да се работи за граѓаните. Нашето време нема да го трошиме на безаргументирани критики, хушкања, деструкција, нашето време го трошиме на работа, на решавање на проблеми заедно со народот. Затоа што ние држиме до зборот даден до граѓаните. Македонија мора да оди напред!во продолжение интегрално го пренесуваме неговиот статус
Република Македонија е рангирана на првото место во Свет

Пронајдете не на следниве мрежи: