Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ денес објави нов мега проект кој ќе биде од голема корист за земјоделците. Тој денес посочи дека продолжува огромната заложба за помош и поддршка за земјоделците, како и дека развојот на земјоделието е една од стратешките приоритети за владејачката партија.Текст од обраќањето на Никола Груевски
Развојот на земјоделието е еден од нашите стратешки приоритети. Тоа е област каде затекнавме една од најхаотичните состојби во државата во 2006 година која беше резултат на повеќегодишна стагнација и запоставеност на земјоделието и земјоделците. Преку напорен труд, континуиран дијалог со здруженијата и контакти со земјоделците, реализација на постојани мерки и овозможување на поддршка успеавме да создадеме услови за достоинствена егзистенција на многу земјоделски семејства.
Но земјоделието е комплексен процес кој треба да се придвижува во нагорна линија. Потребен е дополнителен напредок. Таму се потребни постојани иновации, надоградување и прифаќање на работите кои веќе се применуваат во развиените земји а кој носат нов квалитет и поголема заработувачка на земјоделците. Покрај многуте предуслови за земјоделското производство, два се клучни- неопходна е почва, и неопходно е наводнување. Република Македонија располага со квалитетна почва, а наводнувањето е предизвик кој доколку се надмине и контролира е еден од главните фактори од кој зависи големината на приносот. А од приносот на земјоделците им зависи големината на заработувачката и профитот.
Затоа денес сакам да објавам нова голема мерка која што ќе биде од исклучителна помош за земјоделците.
Ќе предвидиме можност за дури 80% поддршка од државата за системи капка по капка и ископ на нови бунари.
Воспоставувањето на систем за наводнување и соодветно дозирање на водата во целиот производен систем, овозможува зголемување на земјоделските приноси, кај некои култури и за неколку пати. За таа цел, а во насока на подобро искористување на природните ресурси, предлагаме субвенционирање за воспоставување на алтернативни системи за наводнување и воспоставување на системи капка по капка. Целта на оваа мерка е зголемување на обработливите површини под систем за наводнување, за подобрување на квалитетот и приносите на земјоделското производство.
Право да конкурираат ќе имаат:
– Физички лица, на кои земјоделството им е примарна дејност, регистрирани земјоделци за производство на раноградинарски производи или за овоштарство,
– Земјоделски компании, или
– Земјоделски задруги.
Цел на набавка е опрема за воспоставување на систем за наводнување за расадници, одгледување на раноградинарски култури, овоштарство или за наводнување на стакленичко или пластеничко производство.
Преку мерката финансиски ќе се подржат земјоделците и земјоделските стопанства за инсталирање на модерни системи за наводнување. Тоа ќе донесе сериозна заштеда. Проценките говорат дека цените за чинење за инсталирање на систем капка по капка за површина од еден хектар за следниве површини изнесува:
За овошен насад – 105.797 денари;
За лозов насад – 114.422 денари;
За систем за наводнување на пченка (Житни култури) – 123.000 денари.
Значи цените на овие системи по хектар ченат некаде од околу 1600 евра до околу 2000 евра по хектар.
80% од средствата за реализација на наведените активности ќе бидат обезбедени преку Програмата за рурален развој на земјоделството, а остатокот од средствата ќе ги обезбеди корисникот, максималната површина за која ќе се однесува поддршката ќе биде до 50 хектари.
На пример согласно претходните пресметки за десет хектари, за наводнување на житна култура вкупната инвестиција за капка по капка ќе биде 1 123 000 денари. Дури 984,000 денари односно e 80% ќе покрие државата, ова се пари кои остануваат во џебот на македонскиот земјоделец, а остатокот го обезбедува корисникот.
Овие 20 проценти кои треба да ги обезбеди корисникот од сопствени средства, за задругите и земјоделските компании кои имаат и поголеми површини каде инвестицијата е и позамашна, може да ја искористат евтината кредитна линија од Македонската банка за поддршка на развојот која обезбеди 10.8 милиони евра за евтини кредити земјоделските стопанства. Каматната стапка е само 2% а рокот на отплата до 5 години.
Што се однесува до ископот на бунари, просечната сума која е потребна за изградба изнесува околу 150 илјади денари, околу 2 500 евра, на длабочина до 50 метри. Со оваа најнова мерка државата ќе покрие дури до 80%, пари кои остануваат како заштеда на земјоделецот. Дополнително ќе бидат извршени и законски измени со кој што ќе се олесни постапката за добивање на водостопански дозволи за изградба на бунари.
Со мерката која ја предлагаме не само што земјоделците ќе заштедат 80% од сумата за инсталирање на системот и изградба на бунари, туку и ќе имаат зголемен принос што значи екстра профит и заработувачка. Затоа е потребна МАСОВНА ПРИМЕНА НА СИСТЕМОТ КАПКА ПО КАПКА. Затоа Владата, државата ќе излезе во пресрет на земјоделци за да може што помасновно искористена.
Целокупната мерка, која денес ја предлагаме треба да започне да се применува од јануари 2017-та година, апликациите ќе може да се доставуваат од октомври 2016 година и ќе се издвојуваат по минимум 3 милиони евра годишно, а по потреба износот ќе расте.
Ова е важна можност за земјоделците. Современите системи за наводнување како капка по капка нудат решенија кои ја намалуваат потрошувачката на вода, го намалуваат непожелниот вегетативен пораст, го зголемуваат квалитетот на производот, гарантираат константен квалитет и што е најважно носат многу поголем принос.
А сега нешто за тоа како почнува да се користи и која е вредноста на системот капка по капка.
Системот капка по капка е измислен и усовршен во Израел, во шеесетите години на минатиот век и во сферата на земјоделието се применува како револуционерна техника која буквално неповолните површини ги претвара во корисно земјоделско земјиште. Првиот експериментален систем од ваков вид е воспоставен во 1959 година за да многу брзо се распространи и се основа компанијата за наводнување наречена Нетафим. Оваа израелска компанија ја има развиено и му го има понудено на светот првиот систем за наводнување капка по капка, и до ден денешен е светски лидер на т.н. “паметни“ (smart) системи за наводнување. Со 28 подружници и 17 производни капацитети, Нетафим вработува 4.300 вработени ширум светот и им нуди иновативни решенија на производителите од 110 земји во светот, без разлика на големината на производните стопанства.
Ефикасниот систем за наводнување капка по капка станува се позначаен за земјите од Европската Унија. Во 2010 година, системот е прифатен како основен метод за наводнување во три земји-членки на Европската Унија, односно во Кипар, Малта и Словенија. Па така, системот беше најпопуларен облик на наводнување во Кипар применет од 75,9% од сите земјоделски стопанства, Малта го користат 52,5% и Словенија го користат 52,0%. Од податоците се гледа дека системот капка по капка, во просек е застапен кај 30% кај земјите членки на Европската Унија, со подеднаков удел со системите на наводнување со распрскување и системи на површинско наводнување.
Зошто е добар и корисен системот капка по капка и што преставува оваа технологија.
Наводнувањето капка по капка има многу предности во однос на другите начини на наводнување, и тоа:
1. Водата оди таму каде е потребна што е една од најголемите предности на овој вид на наводнување.
2. Траките (цревата) се поставуваат непосредно покрај растенијата така што се наводнува само зоната на кореновиот систем. Водата оди директно на коренот на растението.
3. Овозможува заштеда на вода која е ресурс кој недостасува на глобално ниво. Заштедите на вода се најмалку до 30осто во зависност од составот на почвата. Ефикасно се искористува водата со тоа што се наводнува само зоната на коренот и не се заливаат делови на кои нема растенија, се намалува количината на вода за залевање и се овозможува истата колична на вода да се искористи на поголема површина.
4. Лесно се инсталира. Системот капка по капка е релативно ефтин систем за залевање и лесно се поставува. Обуката за земјоделците е кратка и лесна што значи дека секој може да го практикува системот независно на неговото образование или други карактеристики.
5. Се овозможува рамномерно и прецизно залевање. Нема промени кај растенијата заради брзата промена на режимот на влагата.
6. Се намалува појавата на плевели. Заради наводнување исклучиво во зоната на кореновиот систем, намалена е појавата на плевели бидеjќи нема непотребно влажнење на околната површина.
Овој систем наоѓа широка примена.
1. Може да се користи на различни кофигурации на теренот и на различни типови на почви. На траките се наоѓаат капалки кои пропуштаат различна количина на вода од 2-12 литри по метар. Врз основа на карактеристиките на теренот, водата и потребите на растенијата за вода, се одредува правилен режим на наводнување врз основа на кој се врши избор на траките (црева) за наводнување.
2. Системот капка по капка е идеален за прихранување на растенијата, затоа што на тој начин се врши дозирање и апликација на храна директно во зоната на коренот.
3. Овозможува примена на неопходни хемикалии заедно со водата, што има предност и од економска и од еколошка гледна точка.
4. Се намалуваат габните заболувања кои настануваат со задржување на водата на лисјата.
5. Може да се користи без создавање на ерозија на почвата на наклонети терени.
6. Овозможува наводнување во текот на цветањето без загрозување на опрашувањето.
7. Постои намалена опасност од засолување на почвите, честото наводнување влијае на намалувањето на концентрацијата на соли во почвата, ја елиминира можноста за директни оштетувања на листот од висока концентрација на соли.
8. Не бара посебно одржување и нема дополнителни трошоци за одржување.
Примерите кои се реализирани кај нас во Македонија покажуваат дека со правилна употреба на системот приносот може да се зголеми за половина, а кај некои култури и за повеќе пати.
Пример 1
Официјалните приноси, просечните на пченка во Македонија е околу 4.2 тони на еден хектар, додека со проектот на УСАИД со кој се поддржа инсталирање на систем капка по капка постигнат е просечен принос од 13 тони на еден хектар, значи од 4,2 тони на хектар на 13 тони од еден хектар со заштеда на вода, или повеќе од три пати во ситуациите кога се употребувал системот.
Додека генералниот распон на производство се движел од 8 тони, па стигнувал до 18 тони по засеан хектар, значи просекот од 4,2 на 13 тони но некаде стигнувало на 18 тони по хектар зависно од други фактори, како што е климата квалитетот на почвата. Но сето тоа било далку над она што било добиено преку употреба на традиционалниот начин на наводнување. Дополнително, зголемено било и количеството на силажа што исто така се користи како сточна храна.
Пример 2
Системот капка по капка беше поставен на опитно поле во јуни 2014та година со донација од Проектот на УСАИД за експанзија на мали бизниси. На полето од еден хектар сончогледи, значи ова претходно беше за пченка. На полето од 1 хекрат сончоглед во пелагонски и полошки регион се овозможија приноси од околу 5 тони, четирипати повеќе од националниот просечен принос од 1,2 тони по хектар. Квалитетот на сончогледот е, исто така, значително подобрен и квалитетот што исто така влијае на цената на продажба во споредба со насадите кои не се наводнуваат соодветно, а со тоа се гарантираат и повеќе од двојно поголема откупна цена.
Значи преку употребата на системот капка по капка за половина, двојно, некаде тројно или повеќе се зголемува производството. Таквото зголемено производство значаи половина, двојно, тројно или повеќе пати зголемени приходите за земјоделецот што ќе значи и можност за заработка, за реинвестирање, проширување на производството, инвестиција и средства за користење на некоја друга мерка поволна за неговото производство. Што значи можност за екстра заработка и збогатување на земјоделците. Почнуваме да зборуваме за збогатување на земјоделците.
Истовремено на овој начин ќе се намалат и несогласувањата за распределба на водата како ресурс и трошоците за скапи и тешко одржливи системи за наводнување кои често пати се поскапи и од родот. Затоа е потребна МАСОВНА ПОДДРШКА И ПРИМЕНА НА СИСТЕМОТ КАПКА ПО КАПКА, ЗА ШТО ЌЕ ПОКРИВАМЕ ДУРИ 80% ОД ТРОШОЦИТЕ.
Пред инсталирање на системот капка по капка за да се обезбеди прецизност и ефикасност на истиот корисниците ќе бидат охрабрени но и подржани да ја користат мерката покривање на 70 проценти од трошоците, а ќе бидат преиначени во 80 проценти од трошоците за спроведување на агрохемиски анализи за земјиштето и останатите услиови од добрата земјоделска пракса. Со проверка на земјиштето ќе се одбере соодветната култура која е оптиманла за производството на на дадената почва, а системот ќе се прилагоди врз основа на квалитетот на почвата но и временските услови за што веќе се реализира проектот за поставување на агрометеролошки станици каде регистрираните земјоделци во системот. Ќе може да добиваат податоци за микроклиматските услови по СМС порака со што ќе се обезбеди правлино користење не само на системот на наводнување туку и на заштитните средства и средства за прихрана на растенијата. Статистиките покажуваат дека системот капка по капка е најекономичен. Пример при производство на лута пиперка количината на вода со системот капка по капка се намалува за 34 посто до 50 посто а приносите се зголемуваат помеѓу 33 посто и 48 посто, безмалку половина повеќе одкога не би се применувал овој систем. Кај краставицата приносот се зголемува до 1,8 пати, кај гравот приносот се зголемува до 2,6 пати, а кај компирот за 27 посто, а потрошувачката на вода се намалува за речиси 30 проценти.
Ова статистика покажува дека земјоделецот ќе има драстично поголема заштеда но и заработка која е поголема дури и од субвенциите, имено ако на некој му се овозможи 4 пати поголем принос по зголемена цена на производот. Заради зголемениот квалитет тоа веројатно ќе значи како да му се зголемиле 10 до 15 пати субвенциите. Притоа државата не троши за субвенции секоја година толку многу 10 до 15 пати зголемени а земјоделецот ги прима со продажбата на својот производ кој е количински далеку поголем и квалитетно далеку подобар.
Ова е само еден од многуте проекти кои ќе бидат дел од новата програма. Ние сме во постојана комуникација со здруженијата на земјоделци и самите земјоделци. Ние добро знаеме што е она што му е потребно на македонскиот земјоделец. Затоа што сме во дослух со него затоа што сме во постојан контакт и дијалог со земјоделците. Новата програма ќе биде одговор на тие проблеми и ќе содржи и многу други реални проекти со конкретни рокови кои знаете дека ќе ги реализираме. Тоа ќе биде програма за Македонија, онаква каква што ја градиме и секој еден граѓанин ја заслужува, напредна, стабилна и силна.Текст од обраќањето на Никола Груевски
Развојот на земјоделието е еден од нашите стратешки приоритети. Тоа е област каде з