Груевски со другарите од детството на традиционална новогодишна средба во Ѓорче

И оваа година премиерот Никола Груевски остана верен на традицијата и присуствуваше на средбата која по повод почетокот на Новата година ја организираат ѓорчепетровци, и тоа од маалото каде што Груевски има поминато добар дел од детството и младоста.Премиерот и ова година одвои време за една долгогодишна традиција и не ги заборави другарите од своето детство поминато во Ѓорче, вели еден од присутните на средбата.

Имено на почетокот на секоја година, веќе со години наназад, традиционално на 3 јануари, ѓорчепетровци од маалото  попознато како улицата Социјалистичка Зора(поранешно име на улицата која денес се вика Христо Батанџиев) се собираат за да го прослават почеток на новата година, да си посакаат исполнување на желбите, да  разменат мислења, евоцираат спомени за времињата кои поминале и да споделат видувања за времињата кои доаѓаат.

-Присуствуваме сите ние од овој дел на населбата, споделуваме добри спомени од времето на младоста, другари и другарки од детството, родени во  различни генерации од 60-тите и 70-тите, велат ѓорчепетровци.
Атмосферата на овој традиционален настан е весела и пријателска, велат присутните, и додаваат дека Груевски покрај сите обврски кои ги има сепак наоѓа време редовно да ги посети традиционалните средби со другарите од детството. Иако на овие средби присуствуваат и лица кои се дел од јавниот живот на државата, ѓорчепетровци велат дека за политички теми не се зборува или пак ако се зборува тоа е многу малку.
-Најмногу се зборува за спорт, што е и разбирливо доколку се земе во предвид дека во Ѓорче спортот е омилена тема, но и за маалските случувања, со многу досетки и хумор, велат ѓорчепетровци.

Другарите од детството на Груевски велат дека премиерот како и минатите години и ова година бил расположен па дури станал и се приклучил и на орото кое било во тек. На крајот од средбата се крши лепче и се бира кумот – организатор на следната новогодишна средба.
Премиерот Никола Груевски, голем дел од своето детство и младост има поминато во Ѓорче Петров. Тој често пати зборува за тој дел од својот живот со нескриени емоции, редовно одржува контакти со своите пријатели од овој дел на градот, а честопати заедно играат и фудбал во новоизградените сали во населбата или на игралиштето Македнски лавови во близна на кејот на Вардар до стадионот на фудбалскиот клуб Македонија Ѓорче Петров. Секоја година и покрај бројните работни обврски Груевски не пропушта да одговори на традицијата  и да присуствува на оваа редовна средба.Премиерот и ова година одвои време за една долгогодишна традиција и не ги заборави другарите од своето детство поминато во Ѓорче, вели еден од прис

Пронајдете не на следниве мрежи: