Груевски во посета на Струга и Вевчани

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски денес ќе оствари посета на општините Струга и Вевчани.Според најавите тој ќе изврши увид во активности при доградба на спортска сала во ОУ “Климент Охридски” во селото Дрслајца, струшко, а во Лабуништа ќе присуствува на поставување на камен темелник за изградба на спортска сала во ОУ “Мурат Лабуништа”.
Планирано е Груевски да оствари посета на доградба на амбуланта, како и да се сретне со жителите на Лабуништа.
Во Вевчани, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ ќе присуствува на отпочување на уредување на кејот на реката Вевчанска и уредување на патот до спортска сала, градинка и училишна зграда, а ќе оставри средба со жителите на Вевчани. Планирано е да изврши увид и во активностите за изградба на канализација во Вевчани.
Груевски оствари посети и на изградена трибина на Отвореното ракометно игралиште во Струга, а ќе го посети Детското одморалиште “25 Мај” Струга во кое летуваат деца од семејства со социјален ризик.Според најавите тој ќе изврши увид во активности при доградба на спортска сала во ОУ “Климент Охридски” во селото Дрслајца, струшко, а

Пронајдете не на следниве мрежи: