ГТЦ му го нанесе првиот лигашки пораз по 6 години на Макпетрол

Вчера /04.04.2015 година, сабота/ се одиграа три натпревари со што се комплетираше дванаесеттото коло од македонската кугларска лига.Во дербито на колото, екипата на “ГТЦ” во одличен натпревар го совлада актуелниот шампион “Макпетрол” со резултат 7:1, со што му го нанесе првиот лигашки пораз по повеќе од 6 години. Вкупниот резултат во соборени дрва на натпреварот е 3354 наспроти 3298, каде кај победничката екипа со својата игра се истакнаа Павле Даниловски со 572, Ивица Матиќ со 569 и Владимир Даниловски со 568 соборени дрва, додека кај “Макпетрол” со својата игра се истакнаа Виктор Николовски со 592 и Александар Соколовски со 568 соборени дрва.
Во вториот натпревар којшто се одигра со кугланата “Мусандра”, екипата на “18 Август Адинг” во многу неизвесен натпревар како домаќин ја совлада екипата на “Империјал тобако ТКС” со вкупен резултат 6:2, со многу мала разлика од 48 дрва во вкупниот резултат, кој гласи 3060 наспроти 3012.
Во натпреварот кој што се одигра во Битола, екипата на “Работнички” си замина со полниот плен, каде ја совлада “Хераклеа” со резултат 3:5. Првиот натпревар од дванаесеттото коло се одигра во четвртокот (02.04.2015 година), каде екипата на “Вардар 2014” рутинирано дојде до победата со максимален резултат од 0:8 над екипата на “Македонија”, со вкупен резултат 2858 наспроти 3387. Во овој натпревар во екипата на “Вардар 2014” со својата игра се истакнаа Бојан Влакевски со 590 и Дарко Димовски со 574 соборени дрва. Со оваа победа екипата на “Вардар 2014” се зацврстува на втората позиција, додека екипата на “Македонија” останува последна на табелата, сеуште без освоен бод.
Поради Велигденските празници, тринаесеттото коло од Македонската кугларска лига ќе се одигра на 18.03.2015 година.
Во дербито на колото, екипата на “ГТЦ” во одличен натпревар го совлада актуелниот шампион “Макпетрол” со резултат 7:1,

Пронајдете не на следниве мрежи: