Хакери објавија податоци на 37 милиони прељубници. Некои се од Ватикан!

Анонимни хакери денес објавија лични податоци на повеќе од 37 милиони неверни сопружници, кои партнерите за прељуба го наоѓаат на популарниот интернет портал Ешли Медисон (Ashley Madison).Минатиот месец хакерите обелоденија дека ги поседуваат сите податоци, а денес на една страница, на која се пристапува со помош на посебни софтвери, оставија 9.7 гигабајти тежок фајл со имејл адреси, лозинки и банкарски трансакции на корисниците.
Тоа се податоци на угледни банкари, владини пратеници, службеници на ОН, но и свештенството од Ватикан. Дури 15.000 имејл адреси завршуваат со .mil или .gov, што значи дека се од воени или владини сервери.
Автентичноста на податоците сѐ уште не е потврдена, но секако дека луѓето веќе ги прегледуваат податоците и бараат познати имиња. Наводно, веќе се пронајдени неколку имиња на англиски политичари. Меѓу нив е и Тони Блер, објави порталот Wired.
Хакерите предупредуваат дека овие грешници не заслужуваат анонимност, бидејќи се „измамници“. Исто така, тие најавија дека следна мета се корисниците на страницата КугарЛајф (CougarLife), наменет за жени во средни години кои се во потрага по „млад пастув“.
Минатиот месец хакерите обелоденија дека ги поседуваат сите податоци, а денес на една страница, на која се пристапува со помош на посебни софтвери,

Пронајдете не на следниве мрежи: