Хамас испукал ракети, Израел ги кренал бомбардерите- Војна на улиците, загинати, над 1.000 повредени

Пресметките меѓу Палестинците и Израелците продолжуваат, откако вчера муслиманската милитантна група Хамас лансирала ракета на градот Здерот на југот на земјата. Израелските сили одговориле со воздушни напади. Во судирите загинале двајца Палестинци, а 1.100 се повредени, соопштило палестинското министерство за здравство. Израелските медиуми јавуваат дека ракетата не експлодирала и дека немало повредени.
Ова е трета ракета која Хамас ја испукал од средата, кога американскиот претседател Доналд Трамп објави дека го признава Ерусалим како престолнина на Израел.
По испукувањето на ракетата од страна на Палестинците, Израел одговорил со воздушни напади. Во судирите двајца Палестинци биле убиени, а десетина повредени. Ракетата била испукана од Појасот Газа на израелскиот град Здерот, по што Израел го бомбардирал полигонот за воена обука и уништил складиште за оружје, објавила агенцијата “Reuters”.
Во тој напад повредени биле најмалку 25 лица, пренесува агенцијата повикувајќи се на изјавите на сведоците на министерството за здравство на Палестина, кои тврдат дека меѓу повредените има и шест деца.
Израелските војници го застрелале 30-годишниот Махмуд Ал Масри источно од Кан-Јунес, додека учествувал во протест во близина на оградата со која израелската територија е одвоена од палестинската.
Загинал и еден 54-годишен Палестинец, а неговата смрт била објавена во петокот навечер.
Израелската војска рекла дека стотина Палестинци тркалале запалени автомобилски гуми и фрлале камења кон војниците од другата страна на границата.
“Во текот на немирите војниците на израелската војска селективно пукале на двајца главни демонстранти”, соопштиле од војската.
“Денот на гневот”, на кој повикале муслиманските лидер поради едностраното признавање на Ерусалим како главен град на Израел од страна на САД, се очекува да продолжи и денес. Ширум Блискиот исток и муслиманските држави во светот, вчера биле одржани протести за поддршка.
По повод одлуката на Трамп, вчера била одржана и вонредна седница на Советот за безбедност на ОН, каде била изразена загриженост поради опасноста од ескалација на насилствата. На Советот за безбедност европските претставници донеле заклучок дека американската одлука не е во склад со резолуциите.
Во судирите загинале двајца Палестинци, а 1.100 се повредени, соопштило палестинското министерство за здравство. Израелските медиуми јавуваат дека

Пронајдете не на следниве мрежи: