На вратата на семејството на покојната жена се појавил З.Н. работник во Општата болница во Панчево, барајќи да се отвори ковчегот во кој била покојната жена. Ожалостените роднини биле шокирани. Уште повеќе биле изненадени кога после долгото убедување се согласиле да го отворат ковчегот. Внатре имало што да видат- покрај телото на старицата имало мртво бебе во пелени.
Целиот сплет на трагични околности е резултат, како што објаснуваат од болницата, на огромна грешка. Целата приказна како што пишуваат српските медиуми е вистинската слика за хорор состојбата во српското здравство.
-Се случила грешка поради која е покрената дисциплинска постапка- објаснува директорот на болницата Милан Милиќ.
-Нашата мртовечница има мал капацитет. Има место за четворица а тој ден имало седум мртви лица.- додава тој.
Кога ќе дојде до таква ситуација во зима, работниците може да ги остават мртвите тела надвор од фрижидерот. Кога е топло, ги спуштаат на под кој е ладен, додека роднините не ги земат. Тој 15-јуни вработеното момче не сакал да го спушти мртвороденчето на под. Затоа го ставил кај жената.
Во гужвата кога роднините дошле по телото, тој го дал ковчегот. Брзо сфатил што се случило и очаен тргнал да го најде бебето. Човекот ја признал грешката веднаш.
Од семејството на покојната жена не го обвинуваат момчето. Само велат дека им е жал за нив, а уште повеќе им е жал за семејството кое го изгубило бебето.
Имено, бебето било неразвиен фетус, кој починал во стомакот на мајката, а откриен е кога жената го родила другиот жив близнак, кој сега се наоѓа во болницата во Белград.На вратата на семејството на покојната жена се појавил З.Н. работник во Општата болница во Панчево, барајќи да се отво