Хаос во Турција, приведени над 1.700 луѓе

На протестите во Турција кои траат веќе трет ден, турската полиција приведе повеќе од 1.700 луѓе. 
Поголемиот број од приведените се ослободени, изјави министерот за внатрешни работи во Турција, Муамер Ѓулер. 
Министерот образложи дека од почетокот на протестите кои започнаа на 28-ми мај, до денес во цела Турција се регистрирани 235 демонстрации. 
Демонстраните и денес се собраа на плоштадот Кизилај во Анкара во знак на поддршка на протестите на плоштадот Таксим во Истанбул. 
Полицијата ги затвори сите патишта кои водат до плоштадот, а демонстрантите се движеа кон зградата на Владата каде што се судрија со полицијата. Насобраниот народ фрлаше камења и други предмети кон полицијата, а таа употреби солзавец и водени топови. 
Претходно, турскиот премиер Реџерп Таип Ердоган изјави дека протестите поради сечењето на дрвата во истанбулскиот парк Гези не се еколошки туку имаат идеолошки карактер. 
„Во период кога Турција постигнува успеси во сите области, ние сме сведоци на непосакувани провокации. Гледаме како се обидуваат да предизвикаат хаос, каков што се користеше во минатото за да се собори Владата. Гледаме дека опозицијата и другите сили прибегнуваат кон провокации од безизлез, бидејќи знаат дека ќе изгубат на избори“, посочи Ердоган. 
Тој додаде дека е планирано да се реконструираат касарни од Османлиската империја во паркот Гези, но и да се сочува зеленилото, додека се уште нема конечна одлука за изградба на трговскиот центар. 
Мирните граѓански демонстрации во Истанбул почнаа пред неколку денови, а прераснаа во антивладини и се проширија во другите градови. На протестите во Турција кои траат веќе трет ден, турската полиција приведе повеќе од 1.700 луѓе. 

Пронајдете не на следниве мрежи: