Фото: Warner Bros. Discovery
Компанијата Warner Bros. Discovery, која го раководи популарниот бренд HBO, како и стриминг платформата Max, објави дека сервисот повторно ќе го носи името HBO Max. Ова име беше активно до пред две години, кога беше скратено на Max. Во минатото, платформата беше позната како HBO Go, но тогаш не го носеше модерниот дух кој го воведе Netflix. Од летово, HBO Max ќе започне повторно да се користи. Тоа е само промена во името, додека другите функционалности, вклучително и претплатите, ќе останат непроменети.
Нејасна е точната причина за враќање на старото име, а објаснувањето од компанијата е прилично генерализирано. Дејвид Заслав, претседател и извршен директор на Warner Bros. Discovery, изјави: „Впечатливиот пораст што го остваривме со нашата глобална стриминг услуга произлегува од врвниот квалитет на нашите програми. Денес го враќаме брендот HBO, кој е симбол на извонредност во медиумите, за да го поттикнеме овој раст во иднината.“
The post HBO Max повторно го враќа старото име appeared first on 365.mk.