Мат карминот е апсолутен хит оваа сезона, но како што кажуваат познавачите на модниот тренд, тоа воопшто не е ни малку едноставно за ставање и притоа одржување на вашите усни. Помеѓу непријатното чувство на сушење на восокот на вашите усни и тоа што вам ви се чини дека истакнува се`, па дури и мртвата кожа на усните, мат карминот може да биде навистина незгоден избор. Но, немојте да се плашите, бидејќи со овие професионални совети и трикови ќе бидете подготвени да го прифатите и совладеете животот без сјај.Тргнете ги мртвите ќелии од вашата усна
Често имате прилика да слушнете како некое друго око ви дава совет од вашите усни да ја тргнете мртвата кожа со четкица за заби, што е сјаен начин ако сакате да се љубите со крвави усни. Кожата на усните е деликатна и тенка, а пластичните четкици за заби се премногу остри за неа. Наместо тоа, секоја вечер кога ја симнувате вашата шминка со топло навлажнета памучна крпа поминете кружни движења за убаво чистење на вашите усни. За кратко време ќе ја приметите разликата и усните ќе ви бидат фантастични.
Со леснотија носете ја секоја нијанса
Сите сме поминале низ „болен“ период при избор на вистинскиот мат кармин, кој често, иако изгледа сјајно, кога ќе се нанесе станува посуво и е непријатно за носење. Колку е краток животов, па уште и да се грижиме за совршениот мат кармин, па еве како тоа да го сториме најдобро: Кога ќе го направите пилингот за усните, на нив нанесете тенок слој на хидратантна крема. Потоа, мала количина балзам за усни помешајте со неколку капки пудра, поминете со тоа на вашите усни и тргнете го остатокот со влажна марамица. Ова ќе постигне баланс помеѓу кожата и карминот, па поради тоа нема да делува тешко и исушено кога ќе го нанесете.
Карминот ставајте го директно на вашите усни
Кога се мат нијансите во прашање, никако немојте да мешате со четкиците за шминкање. Карминот нанесете го директно на усните, инаку дури и најдобриот руж ќе ви изгледа неизедначено и размазено. Совет: Ако вашиот мат кармин се исуши и кога повторно ќе го нанесете имате чувство дека со шмиргла поминувате низ вашите усни, можете малку да го стопите, со тоа што ќе го загреете со фенот за коса пред да го нанесете на вашите усни.
Нанесете моливче за усни откако ќе го ставите мат карминот
Мат карминот самиот по себе бара совршена линија на усните, а најдобар начин за негово прецизно исцртување е тоа да го сторите со моливче за усни по нанесување на мат карминот и тоа со моливче кое е во истата нијанса со карминот. Овој процес во споредба со стандардниот ќе ви ги олесни честите безуспешни обиди при исцртување на совршената линија на вашите усни и негово бришење во случај да сте погрешиле, како и останати проблеми што сте ги имале претходно околу ова.
Избришете го мат карминот со хидратантна крема
Ако еднаш правилно се нанесе, мат карминот навистина тешко се вади. Наместо скапите средства за бришење на шминката, затворете ги усните и со нив поминете со туфер или памукче на кое претходно сте нанеле лосион за тело, а вишокот тргнете го со влажна марамица. Со оваа постапка ќе ги тргнете сите трагови од карминот на вашите усни и истовремено ќе ги одржите здрави.
Тргнете ги мртвите ќелии од вашата усна
Често имате прилика да слушнете како некое друго о