Хит видео: Венчаница од бракоразводни документи

Не знаејќи дека со својата идеја ќе го освои светот, едно девојче на шега направила венчаница од многу судски документи кои ги потпишале паровите кои се развеле.
Со цел да го сврти вниманието на тоа дека живееме во време кога браковите пребрзо се склопуваат а уште побрзо се распаѓаат, 15-годишната Деми Барнс ги искористила 1.500 бракоразводни документи за да креира венчаница од хартија.
Фотографијата од моделот ја поставила на својот Фејсбук профил, за да ја види некоја нејзина роднина од Италија, а таа стана вистински хит. Фотографијата собрала повеќе од 40.000 лајкови.
-Ме контактираа многу значајни дизајнери за да ме прашаат дали може да ја копираат идејата. Имам голема страст кон модата и креирањето, па се надевам дека еден ден ќе работам со некој од нив или пак ќе започнам кариера како дизајнер.- изјавила Деми.Не знаејќи дека со својата идеја ќе го освои светот, едно девојче на шега направила венчаница од многу судски документ

Пронајдете не на следниве мрежи: