петок, 13 ноември 2026
Најново

ХИТ во Индија: Плаќаат 18.000 долари за овие леќи!

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Нема ништо чудно во тоа жените да носат нешто златно за погламурозен изглед, а индискиот лекар Чандрашекар Чаван отиде чекор понатаму. За да создаде ефект на необично блескав поглед, тој направи контактни леќи направени од нано честички од злато.Сите оние кои што сакаат да имаат очи со златест сјај, за тоа задоволство мораат да издвојат помеѓу 15.000 и 18.000 долари, пренесе Daily Mail.
Честиците од 24-каратно злато се нанесуваат во облик на специјална паста, а за да се избегне директен контакт со очоте, помеѓу златните честици и окото се наоѓа уште еден заштитен слој.
Неколкуте жени кои купиле „златни леќи“, го прикажале својот занесен и светлечки поглед во ординацијата на д-р Чаван, во центарот за окулопластика „Шекхар“.
„Реакциите се поделени. Некои луѓе ги сметаат за застрашувачки, но на многумина им се допаѓаат“, изјави д-р Чаван за „USA Today“.
Неколку американски експерти изразија загриженост за безбедноста на леќите. Тие сметаат дека заштитниот слој кој ги штити очите од директен контакт со честиците од злато не е совршен и дека допрва треба да бидат одобрени од страна на американската Агенција за храна и лекови.
Погледнете го видеото:Сите оние кои што сакаат да имаат очи со златест сјај, за тоа задоволство мораат да издвојат помеѓу 15.000 и 18.000 долари, пренесе Daily Mail.

Поврзани вести