Хјустон со тројки го торпедираше Голден Стејт

Кошаркарите на ЛА Лејкерс, забележаа победа во Бруклин со 92:83, во дерби натпреварот одигран во НБА лигата.

До третата гостинска победа во низа, ’езерџиите’ ги предводеше Коби Брајант со 21 поен, осум скока и четири асистенции. Покрај Коби уште тројца играчи на Лејкерси постигнаа двоцифрен број на поени – Стив Неш (17 поени, 8 асистенции), Пау Гасол (15 поени) и Ерл Кларк (14 поени и 12 скокови).  Лејкерси по победата во Бруклин имаат скор 23-26, но сеуште се далеку од местото кое води во плеј офот.  Брук Лопез со 30 поени и 11 скокови беше најекспонираниот играч во тимот на Бруклин, кој има скор 28-20.  Хјустон го демолира Голден Стејт со 140:109, Рокетси на оваа средба го соборија клубскиот рекорд според бројот на постигнати тројки на еден натпревар.  Играчите на Хјустон реализираа 23 тројки, 14 во првото полувреме, што исто така е нов рекорд на клубот.  Тимската игра на Хјустон, во која дури осум играчи постигнаа двоцифрен број на поени го скрши отпорот на Голден Стејт.  Џереми Лин со 28 поени и девет асистенции го предводеше Хјустон до победата.  Индијана, во дербито на Истокот ја победи Атланта со 114:103, Пол Џорџ со 29 поени беше предводник на групата од седум кошаркари на Пејсерси кои завршија со двоцифрен број на кошеви. Џеф Тиг со 24 поени, осум скока и четири асистенции беше најефикасниот во тимот на Атланта.  Денвер на домашен терен го победи Милвоки со 112:104, додека Феникс, како гостин го совлада Мемфис со 96:90. 
 
Макфакс
Кошаркарите на ЛА Лејкерс, забележаа победа во Бруклин со 92

Пронајдете не на следниве мрежи: