Бојан Мариќ и Драгослав Бошковиќ, припадници на специјалната полиција на Србија, уапсени се откако им помагале на двајца силувачи кои во еден ноќен клуб прво дрогирале а потоа силувале една девојка, која работела како хостеса.
Како директни извршители на силувањето означени се Изет Хасановиќ и Хајрудин Барјактаревиќ. Изет го признал делото и во моментов е во притвор, а Хајрудин побегнал во Данска, па за него е распишана меѓународна потерница.
За целата ситуација да биде уште полоша, на полициските службеници им било дозволено да се бранат од слобода. Единствено во моментов се суспендирани од работа.
Случајот го пријавила девојката на 12 јуни оваа година, а била силувана на 7 јуни. Притоа, утврдено е дека девојката брутално е силувана во ноќниот клуб. Раскажала дека во раните утрински часови почувствувала како ја губи свеста. Последно што помни е дека била во друштво на Изет и Хајрудин. Во таа состојба била префрлена во помошните простории на ноќниот клуб, каде мажите ја силувале. На почетокот се бранела а подоцна изгубила свест.
Откако се разбудила полицаецот Бошковиќ ја одвел дома, како ништо да не се случило. За девојката следеле денови на агонија затоа што Бојан Мариќ и се заканувал дека не смее да пријави во полиција. Сепак девојката собрала храброст и сето тоа го пријавила.
Бојан Мариќ и Драгослав Бошковиќ, припадници на специјалната полиција на Србија, уапсени се откако им помагале на двај