Рурик Џатинг, во својот стан во Хонг Конг, заклал Филипинка, а претходно брутално убил една Индонежанка чие тело било пронајдено во куфер.Во луксузниот стан во ексклузивната населба Џеј резиденс, полицијата пронајде и големи количества на кокаин и бројни секс-играчки, како и ножот со кој биле направени убиствата. Врз основа на отпечатоците од ножот, набрзо беше откриено дека Џатинг е единствениот осомничен за монструозните убиства, по што бил уапсен.
Според извештаите, телото на Филипинката било унаказено од убоди, а вратот пресечен, додека другата жена по убиството била завиткана во голем пешкир, па ставена во куфер, а потоа оставена да стои на балконот. Таа имала убодни рани и лузни на рацете и нозете, додека главата скоро и` била отсечена од телото.
Полицијата истражува дали Џатинг и претходно убивал, па затоа се проверува и неговиот мобилен телефон. Во телефонот веќе се пронајдени околу 2.000 фотографии од различни жени, а меѓу нив се и оние на кои се гледа унаказеното тело на Индонежанката.
Инаку, убиецот студирал на Кембриџ и е многу образован. По студиите брзо се вработил во една од најмоќните светски финансиски институции, американската банка „Мерил Линч“, а минатата година се преселил во Хонг Конг за да работи во нивното претставништво таму.Во луксузниот стан во ексклузивната населба Џеј резиденс, полицијата пронајде и големи количества на кокаин и бројни секс-играчки, како и ножот со