Хороскоп: Ајварот за Девиците е ноќен кошмар, Рибите ги слушаат соседките!

Loading...

Хороскопските знаци и зимницата

Пред крај сме на сезоната за правењето на зимници, миризбата на печени пиперки се намалува и веќе е време да се направи анализа на сработеното. Правењето ајвар за многу македонки е национален спорт, па во прилогот кој следи преку астролошките карактеристики на хороскопските знаци ќе се обидеме да ги прикажеме нивните видувања на оваа наша традиција.

Овен

За овие жени, зимницата е само уште една активност со која ќе ги покажат своите вештини и способности пред другите соседки и колешки. Бидејќи Овните во се треба да се први, така и овде, со зимниците почнуваат веќе од Август. Нивниот ајвар треба да биде најлут од сите останати и ако се обидете да го докажете спротивното ќе имате вистинска битка со оваа воинствена жена. Од туршија најповеќе става лути пиперки или некои други пикантни зачини со кои ќе ги зачинува јадењата во зимскиот период.

Бик

Биковите се добри домаќинки и најчесто за нив зимницата е уште една обврска во домот која секоја домаќинка треба да ја направи. Биковите уживаат во слатките работи, па најповеќе на рафтовите во визбите кај овие домаќинки ќе најдете различни видови на слатко, џемови, пекмези и слично. Количински прават многу и секогаш мислат дека не е деоволно. Премногу се трудат сето тоа да биде вкусно и најчесто во тоа успеваат.

Близнаци

За жената Близнаци правењето на зимниците е само уште еден облик на дружење со соседките. Секоја соседка безусловно може да ја добие помошта од жената Близнак, но затоа ќе мора да ја слушате додека непрекинато зборува додека се лупат пиперките или се меша на ајварот. Во секој случај тоа се забавни жени па добро е да се има некоја таква во соседството. Често помагајќи на другите остануваат без своја зимница.

loading...