Христо Узунов

Loading...

На Денешен ден 22 февруари 1878 во Охрид роден е Христо Узунов  македонски учител, војвода и реонски началник на четите на Македонската револуционерна организација во Охридскиот револуционерен округ. 
 Христо Димитров Узунов  Охрид, 22 февруари 1878 – Цер, 24 април 1905  македонски учител, војвода и реонски началник на четите на Македонската револуционерна организација во Охридскиот револуционерен округ. 
Христо Узунов е роден на 22 Февруари 1878 година во Охрид. Татко му Димитар Узунов бил долгогодишен учител и борец за независна црква, близок и роднина на Григор Прличев, а неговата мајка Анастасија Узунов потекнува од стариот струшки просветистелски род Чакарови, таа е ќерка на Георги Чакаров, и е прва братучетка на Христо Матов и Милан Матов . Христо Узунов, заедно со двајцата свој помали браќа Андон и Ангел (исто така дејци на Македонската револуционерна организација) бил воспитуван од мајка си во патриотски дух 
По завршувањето на основното училиште во Охрид, учи во Солунската машка гимназија „Св. Кирил и Методиј“ во 1894-1895. Таму бил привлечен кон идеите на Македонската револуционерна организација од страна на Даме Груев и раководел со училишниот бунт од 1896 година.
Потоа е учител во Охрид. На 5 август 1898 година Методи Патчев, со помош на Христо Узунов и Кирил Прличев, синот на Григор Прличев, во центарот на Охрид го ликвидирал србоманот Димитар Грданов. Христо Узунов, заедно со истомислениците бил уапсен и лежи 9 месеци во затвор. Во периодот помеѓу јануари 1902 година – март 1903 година е повторно затворен во Битолскиот затвор. По излегувањето од затвор го зазема местото на штотуку убиениот охридски војвода Тома Давидов.
 Од 1903 година бил поставен за главен војвода на охридските револуционерни чети. Учествувал на Смилевскиот конгрес. Во Илинденското востание бил член на Горското началство (Штабот) за Охридскиот револуционерен реон. Учествувал во спасувањето на збегот од Рашанец на ок. 200 семејства. На Прилепскиот конгрес бил избран за секретар и за окружен ревизор на четите на МРО за Охридско, Струшко и Кичевско.
Х.Узунов бил целосно посветен на организацијата и борбата за слобода тој Македонија ја сметал за своја мајка а за тоа може да се дознае од писмото кое Христо го испратил до неговата мајка Анастасија :
Мила ми мајко, Јас сум прв твој син и мој долг е да бидам околу тебе, за да не чувствуваш потреба од ништо. За твојата беспределна љубов, за илјадите неволи и сраданија, за безбројните бессони и машителни ноќи, поминати некогаш над леглото над твојот мал, слабичок Луле, јас должам најголеми грижи и неизмерна синовска љубов. Но, можам ли, кога ги чувствуам болките на нашата измачена Татковина, да не се оддадам со љубов на најверен син на нејзиното свето дело? – Маките на татковината се повеќе од сите страданија на секоја наша мајка. И јас – без ни најмалку да те навредувам – се чувствувам повеќе син на втората моја мајка – Македонија, отколку на тебе, која си ме родила. Те молам – во името пак на моите свети чувства кон тебе – да не жалиш, ни да плачеш за мене. Најдоволен ќе се чувствувам, ако ти со своето држење бидеш за пример на другите мајки и сопруги.
По илинденското востание Узунов останал меѓу населението за заемно да ги сносат последиците од востанието, одговарал на нападите од пропагандистичките чети кои по востанието ја претвориле Македонија во арена па така, 
На 24 април 1905 година, од Крушево заминал за Кичевско, придружуван од страна на 14 соработници и револуционери, добро вооружени четници и двајца војводи, Ванчо Србаков и Пецето сѐ со цел да го исполнат решението за егзекуција на петнаесетмината ренегати во една ноќ. Но во кичевското село Цер биле опколени од многуброен турски аскер со артилерија. Тие не примиле никаква помош па биле принудени или да се предадат или да се самоубијат. Војводата Ванчо Србаков решил на свој ризик, со фрлање на бомби да се обиде да се пробие низ огнот, во кој сепак не успеал. За да не им паднат на живи во рацете на Турците, тој и неговите 13 соборци извршиле саможртва.
Борбата во село Цер меѓу Узуновата чета и одредите од Крушево и Прибилци започнала утрината на 11/24 април. Четата направила обид да го пробие обрачот, но откако во битката загинале Ванчо Србакот и Узуновиот четник – Наумче, четата се вратила во куќата на Костадина Стојанова Паунова, која куќа била солидна и погодна за престојната борба. Борејќи се до претпоследниот куршум, Христо Узунов со своите другари последните куршуми ги истрелале во себе си, несакајќи живи да се предадат на османски власти.
Пред Саможртвата Узунов ја испраќа архивата по 3 непознати жени а воедно го пишува и последното писмо 
Браќа,
Допуштам да сме предадени, но верувам и дека е тоа случајно. Ванчо излезе и беше убиен уште во 10 и три четврти раното, а исто така и четникот Јонче од Дворци (Кичееско), кој беше со Пецо.
Мојата архива е распрсната низ целото село. Им ја доверив на три жени, кои не ги познавам. Ванчо исто така ја оставил архивата кај една жена, но не ја знам. Побарајте ја, ќе ја најдете.
Причината зошто не ризикуваме да удриме утринава беше во тоа што од 7 – 8 страни ни отворија оган, па мислејќи дека се мнозина, решивме да се бориме, макар и против поголеми сили, кои што ги очекуваме да дојдат.
Уверен дека не ќе бидеме спасени, за последен пат Ви испраќам братски поздрави на сите другари и пријатели.
Спроти карпата каде што сме сега, го оставив во една дупка на ѕидот моето кесе со четири и пол наполеони, една лира и околу 40 гроша. Тоа се Охридски пари.
Мојот последен совет до сите другари е да бидат искрени кон делото сите оние коишто му служат, зашто само искреноста и често срдечноста ја издигнале внатрешната организација и пак тие ќе ја спасат од аномалноста во која е поставена од недобросовесни наши другари.
Да гледате колку што е можно побрзо да ги уништите оние досега раководни сили во Организацијата, кои му нанесле штета на делото, како што е Сарафов, а не да се накажуваат само прости работници.
Нашата идеја ќе биде постигната, ете зошто ќе умрам спокоен, со чиста совест пред законите на нашата св. Организација.
Досега намерно со ништо не сум му напакостил на Делото, а ако сте забележале во мене некои грешки, бидете уверени дека тие станале против мојата волја. Молам извинување.
Молам особено да ја поздравите мојата љубезна мајка, којашто никогаш не сум ја заборавил, бидејќи таа ме направи ваков. Нека ме извини и таа дека со ништо не се зарадувала од мене. Особено го поздравувам брат ми Ангеле. Го добив неговото последно писмо и останав задоволен. Да оди во истиот пат што ми го соопшти во писмото. Го советувам да не се одделува од мајка ми. Поздравете ги и роднините.
За последен пат ќе ви повторам. Бидете искрени и пазете основните закони на Орган.устав.
Останувам со братски бакнежи.

 
Сведок на сликата на простреланите четници бил Италијанецот Еторе Лодди кој запишал:
“На другиот ден после бојот ја видов во Цер страшната слика што никогаш нема да ја заборавам. – Труповите на единаесет млади јунаци сите со отворени рани по градите и по челото. Се самоубија, за да не паднат живи во рацете на непријателот. Ми го покажаа војводата. Узунов лежеше прострен на подот со раширени раце, а погледот на неговите мртви и отворени очи гледаше горе, во бескрајот. Од челото уште течеше крв… Ја видов Македонија во тој момент – маченица, велика, непобедива! ”
 Христо Димитров Узунов  Охрид, 22 февруари 1878 – Цер, 24 април 1905  македонски учител, војвода&

loading...
Loading...