четврток, 12 ноември 2026
Најново

Хрватите први се понудија да ѝ помогнат на Македонија за поплавите

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Акцијата првично беше иницирана од македонските иселеници во Хрватска, кои започнаа да собираат помош за поплавените во Источна Македонија.Хрватска е прва од земјите во регионот, која објави апел за помош за македонските граѓани кои претрпеа огромни штети во поплавите кои ја зафатија нашата земја во последните неколку дена. Хрватите несебично се вклучуваат во помошта кон Македонија, помош која е добредојдена во овие тешки моменти и помош на која цела Македонија е благодарна.
Поради поплавите во Источна Македонија (Општина Ново Село, Општина Карбинци, Општина Штип, Општина Чешиново-Облешево, кои се во најлоша состојба) Амбасадата на Република Македонија во Загреб собира помош за настраданите во поплавите.
Сите заинтересирани Македонци, како и хрватски граѓани доколку сакаат да помогнат, ја доставуваат хуманитарната помош во просториите на Амбасадата секој работен ден од 08:30 до 16:30 часот.
Во Хрватска исто така има отворено и сметка за донации. Донации во финансиски средства се уплаќаат на:
ХР2323600001501442004 Загребачка банка.Хрватска е прва од земјите во регионот, која објави апел за помош за македонските граѓани кои претрпеа огромни штети во поплавите кои ја зафатија н

Поврзани вести