HTC One Max без најмоќниот процесор во светот?!

Бевме сведоци на голем број на шпекулации за One Max, phablet-от (телефон + таблет) на кој работи HTC. Една од најголемите шпекулации беше дека уредот ќе поседува Snapdragon 800, кој се смета за најмоќниот процесор на светот…Ова е логичен чекор од страна на HTC, бидејќи луѓето секогаш го сакаат најдоброто. Сепак, најновите информации во врска со овој уред велат дека најверојатно тоа нема да се случи. Овој пат информацијата ни доаѓа од China Mobile преку платформата Weibo, што значи дека не е некој анонимен, некредибилен извор.
Сликата ги содржи спецификациите на уредот:

Повеќето информации ни се веќе познати, како на пример 5,9 инчниот екран со FullHD (1080p) резолуција, 2GB RAM и Android 4.3. Она што е интересно е дека процесорот работи на 1,7GHz, а таа фреквенција не е карактеристична (односно е преспора) за Snapdragon 800. Според нас, веројатно станува збор за S4 Pro или Snapdragon 600 процесор.
Цената е 4,999 јуани, што е околу 800 американски долари.
Преземено од: GSM.mkОва е логичен чекор од страна на HTC, бидејќи луѓето секогаш го сакаат најдоброто. Сепак, најновите информации во врск

Пронајдете не на следниве мрежи: