Фудбалските ветерани, некогашните репрезентативци на Македонија го покажаа своето големо хумано срце. По сознанијата дека во Кочани се организираат фудбалски турнири и музички концерти се со цел да му се помогне на нашиот сограѓанин Даниел Митков кому неопходни му се 25.000 Евра, средства кои ќе бидат искористени за неговата операција и рехабилитација што треба да се изврши во WU Medical Centar во Пекинг (НР Кина), се огласија преку сајтот на ФФМ.По тој повод закажан е хуманитарен фудбалски натпревар на кој едни спроти други ќе играат некогашните репрезентативци на Македонија и ветераните на „Осогово“. Имињата на: Тони Мицевски, Ќириќ, Ѓорѓи Христов, Ставревски, Џипунов, Станојковиќ, Савов, Јовановски, Шаќири, Седлоски и други јасно покажуваат со каков квалитет ќе допатуваат во Кочани ветераните на фудбалската репрезентација на Македонија.Натпреварот ќе се одигра во Недела (27.07.2014 година) на стадионот „Никола Мантов“ во Кочани со почеток во 18:30 часот. Влезниците за овој хуманитарен натпревар се со симболична цена – 50,00 денари.Да покажеме дека кочанчани се хумани луѓе. Да го наполниме во недела стадионот „Никола Мантов“ бидејќи така ќе му помогнеме на еден млад наш сограѓанин а и ќе ја вратиме вербата во фудбалот.Ајде сите во недела на натпревар.
Апел за помош на Даниел Митков
Извор: Komarec.com.mkПо сознанијата дека во Кочани се организираат фудбалски турнири и музички концерти се со цел да му се помогне на нашиот сограѓанин Даниел Митков ко