Хуманитарна акција на Здружението „Прилепски бранители“

По повод празникот 11-ти Октомври, Денот на востанието на македонскиот народ, здружението „Прилепски бранители“ заедно со ЈП за ПУП, ЈКП „Пазари“, Локалната самоуправа-Прилеп и компанијата „Комфи ангел“ оранизираа хуманитарна акција, во која беа поделени производи на компанијата за семејствата на бранителите.Членовите на Здружението „Прилепски бранители„ при оваа пригодна порачаа да не се повтори конфликтот 2000/2001 година и да има мир во Македонија.
Од компанијата „Комфи ангел“ истакнаа дека соработка со бранителите нема да прекине, „затоа што тие се најдоа на браникот на нашата татковина кога беше најпотребно за да ја одбранат“ – рече Ирена Јакимоска, менаџер на компанијата која нагласи дека компанијата веќе донесе одлука да вработи и членови од семејствата на Здружението на бранителите, доколу некој од нив има потреба од вработување.
„Компанијата Комфи Ангел е една од опшествено најодговорните компании во Прилеп и во Р. Македонија, која секогаш излегува во пресрет кога се во прашање хуманитарните акции“ – истакна градоначалникот на Прилеп, Марјан Ристески, притоа заблагодарувајќи им се и на прилепските бранители за нивната храброст и пожртвуаност, кога е во прашање одбраната на татковината.Членовите на Здружението „Прилепски бранители„ при оваа пригодна порачаа да не се повтори конфликтот 2000/2001 година и да има мир во М

Пронајдете не на следниве мрежи: