Во сабота 21 февруари од 17 до 19 часот во игротеката Посејдон во ТЦ Капитол мол, ќе се одржи хуманитарна креативно-едукативно работилница под мотото Подаруваме, остваруваме – од мајка за дете, од дете за дете. Работилницата е во организација на невладината фондација за деца со тешки болести Златна рипка, а е поддржана од издавачката куќа Просветно дело и игротеката Посејдон.Целта на настанот е парите за влезниците во игротеката да се донираат за исполнување на желбите на тешко болните деца и да се мотивираат што повеќе граѓани и компании да донираат за ова најранлива категорија деца. Моќта на исполнетата желба е посилна од сѐ – е девизата на одговорните во фондацијата Златна рипка.
„Преку донирани финансиски средства од компании, граѓани и институции, им ги остваруваме најголемите желби на децата кои боледуваат од тешки болести на возраст од 3 до 16 години. Сметаме дека остварувањето на нивните најголеми желби е многу важен сегмент од нивното лекување, бидејќи нуди надеж и верба за подобро утре. Желбите немаат граници и ќе ги поттикнат дечињата да размислуваат дека ништо на светот не е невозможно. Токму таа надеж и мисла за една остварена желба плус, е она што ќе ги насмее и што ќе овозможи полесно лекување. Нема да дозволиме дечињата кои се борат за својот живот да ги изгубат надежта и мечтите“, велат од фондацијата.
Едно од дечињата, Марија која има 5 години и боледува од неуробластома, има желба да ја види и гушне Мини Маус во Дизниленд.
„Срдечноста на македонските граѓани е огромна, па затоа се надеваме дека за кратко време ќе успееме да ги оствариме сите желби на дечињата кои боледуваат од тешки болести“, изјавија организаторите на оваа хуманитарна работилница.
Сите оние кои сакаат да донираат за овие дечиња, нека ја посетат веб-страницата на фондацијата: www.zlatnaripka.mk
Целта на настанот е парите за влезниците во игротеката да се донираат за исполнување на желбите на тешко болните деца и да се мотивираат што повеќе