И мајмуните наплатуваат за секс

Продавањето љубов најчесто се смета дека е најстарата човекова професија, но едно неодамнешно истражување покажа дека наплатувањето на сексуалните услуги има далеку подолги корени во еволуцијата на човекот. Истражувачот Мајкл Гамерт од Технолошкиот универзитет во Сингапур, по 20-месечно истражување и набљудување на долго-опашестите Макаки мајмуни, откри дека мажјаците им плаќаат за секс на женките со тоа што претходно им го чистат крзното, пишува британското научно списание „Њу саентист“. Женките Макаки, најчесто во просек имаат по 1,5 сексуални односи на час, а тој процент се зголемува на 3,5 пати веднаш по чистењето. Најчесто се „усреќува“ мажјакот кој бил „љубезен“ за да и го исчисти крзното на женката. Според истражувањето, влијанието на пазарните закони се чувствува и меѓу мајмуните. Ако повеќе женки се собрани во околината тогаш цената драматично паѓа и мажјакот може да „купи“ секс за само осум минути чистење. Но, ако се наоѓаат помалку женки во околината, тогаш мажјакот ќе треба двојно подолго да ја чисти женката за да ја добие „наградата“.Продавањето љубов најчесто се смета дека е најстарата човекова професија, но едно неодамнешно истражување покажа дека

Пронајдете не на следниве мрежи: