И во Грција џихадисти? Грчката тајна служба набљудува околу 100 лица

Ќе стане ли Грција порта за влез и излез на џихадисти во и од Европа, но и мост кој ги поврзува Косово, Алванија и Босна со ИСИС? Според весникот “Птото тема“, околу 100 лица, со арапско потекло се наоѓаат под лупа на грчката тајна служба, под сомнение дека се џихадисти.Ги следат дискретно сите нивни чекори,бидејќи постојат информации дека се поврзани со радикалните џихадисти од Европа. Секако, не е исклучена можноста меѓу овие лица да има, освен илегални имигранти, и Арапи со европски пасоши кои слободно се движат на релација Европа – Блиски исток.Грчката полиција и грчката тајна служба е во континуирана соработка со американските, француските и британските служби, до сега официјално биле уапсени 3 лица, фанатични џихадисти со француски пасочи. Двајцата од нив, членови на ИСИС, влегле во Грција на враќање од војната во Сирија, а биле уапсени во Франција и Италија по информациите испратени од грчките служби. Додека пак третиот бил уапсен во Еврос (Грција) откако го фатиле во камион полн со воено оружје. Проценките, според грчкиот весник, се дека околу 500 џихадисти со албански, косовски и македонски пасоши поминале низ Грција за да стигнат во војната во Сирија.Прото тема, пишува дека, мистерија останува албанскиот државјанин со иницијали Е.Д. кој е на лекување во една приватна болница во Лариса. Според информациите, станува збор за џихадист од Албанија, кој бил мобилизиран од Албанија во Сирија на 8 февруари 2013та, во војната бил сериозно ранет, по што бил пренесен на лекување во Турција, а од таму во приватната болница во Лариса, каде и го продолжува неговото лекување.Ги следат дискретно сите нивни чекори,бидејќи постојат информации дека се поврзани со радикалните џихадисти од Европа. Секако, не е исклучена

Пронајдете не на следниве мрежи: