Идеални за есенските утра: Вкусни палачинки со јаболка и цимет

Вкусот на јаболко и цимет во комбинација со меко тесто сигурно ќе ги разведри вашите тмурни есенски денови.Овој рецепт за палачинки е многу едноставен – излупете четири големи јаболка и исечете ги на кругови, со дебелина од еден центиметар. Тестото припремете го според рецептот во продолжение и натопете го секое парче. Ставете ги парчињата на загреана тава и печете отприлика две минути од секоја страна. Помешајте 100 грама шеќер со една лажичка цимет и наросете ги палачинките по печењето. Можете да ги послужите и со јаворов сируп или карамел, но тие се одлични и без прелив. 
Потребни состојки:
• 200 гр. брашно
• едно пакетче прашок за пециво
• 1 лажичка сол
• 1 лажичка шеќер
• 250 мл. млеко
• 1 јајце
• 3 лажици растопен путер
Припрема:
Во сад, помешајте го брашното, прашак за пециво, солта и шеќерот. Во средината направете простор, а потоа додадете го јајцето, млекото и растопениот путер. Мешајте сè додека не добиете густа смеса. Доколку е потребно, додадете уште млеко или брашно. Со парче путер намастете ја тавата, а потоа печете додека палачинките не добијат златна боја од секоја страна.
 Овој рецепт за палачинки е многу едноставен – излупете четири големи јаболка и исечете ги на кругови, со дебелина од еден центиметар. Тестото

Пронајдете не на следниве мрежи: