Идеи за вкусен и здрав доручек

Иако доручекот е најважен оброк, многу од нас не му придаваат доволно важност. Ако сакате да имате здрав и брз метаболизам, а воедно и беспрекорно здравје, мора да внимавате да не го прескокнувате доручекот.
Еве неколку брзи и вкусни рецепти со кои можете да го започнете денот.
Овошна пита
Пожелно е корите да бидат од интегрално брашно, а филот зависи од вашиот вкус. Дали ќе биде тоа вишна, кајсија или некое друго овошје, изборо е ваш!
Утрински шејк
Иако овој доручек е во течна состојба, многу е хранлив и ќе останете сити подолго време. Посотјат многу рецепти за вкусен шејк, па еве еден од нив: Измешајте две кајсии, половина манго и една праска со малку обезнастено млеко. Млекото додавајте го по вкус, односно во зависност колкава густина сакате да постигнете. Можете да користите соино или оризово млеко.


Овошје
Исечете две ваши омилени овошки, полијте ги со лажица јогурт или некој друг млечен производ и додајте семки од тиква и сончоглед. Ова е одличен нискокалоричен доручек кој изобилува со витамини.
Оризов кекс
Земете три кекса со ориз и намачкајте го со путер од кикирики. Потоа исечете зелена јаболка на тенки парчиња и ставете ги врз нив.
Тропско искушение
Исечете пола манго, едно киви и пола банана. Сервирајте со мали парченца младо сирење. Ќе видите дека сирењето совршено одговара на оваа комбинација.
Печурки
Пропржете печурки и додајте лажица рикота сирење. Сервирајте на запечен црн леб.Иако доручекот е најважен оброк, многу од нас не му придаваат доволно важност. Ако сакате да имате здрав и брз метабол

Пронајдете не на следниве мрежи: