Иако „mostexclusivewebsite.com“ не е нова страница, нејзината популарност пораснала неодамна на Редит , по што почнале да ја посетуваат огромен број на корисници.„Сите сакаат да бидат ексклузивни“, стои во горниот дел од „најексклузивната интернет страница на светот“. Така барем ја опишал нејзиниот создавач, Џастин Фоли.
Во овој момент, илјадници луѓе чекаат на ред само за да поминат 60 секунди на страницата.
Страницата е замислена така што по едно лице кое сака да ја посети таа страница, треба да се пријави за да се најде на листа на којашто веќе се наоѓаат илјадници луѓе. Иако на секои 60 секунди се пушта по едно лице, ако се пријавите сега, дури за неколку години ќе дојдете на ред.
Виртуелното чекање може да се одложи и ако случајно го затворите прозорецот на интернет страницата. Значи, јасно е дека „најексклузивната содржина“ ќе им се појави пред очи само на најтрпеливите.
Според зборовите на Фоли, страницата е целосна спротивност на сето она што претставува интернетот како поим. Од големото интернет пространство во кое секогаш може да се дојде до бараните информации, оваа страница е крајна спротивност.
Имено, се шпекулира дека на страницата се наоѓаат фотографии со животни. Со оглед на целата постапка и потенцијалната содржина на страницата, слободно застанете во ред ако имате премногу слободно време.„Сите сакаат да бидат ексклузивни“, стои во горниот дел од „најексклузивната интернет страница на светот“. Така барем ја оп



