Има 120 години, живее без секс и повитален е од просечен дечко!

Индиски монах има 120 години и сака да влезе во Гинисовата книга на рекорди како најстарото живо суштество на Земјата. Тврди дека својата долговечност ја должи на јогата и апстиненцијата од секс.Свами Сивананда, кој според податоците во пасошот е роден на 8 август 1896 година во Индија, тврди дека цел живот апстинирал од секс. Исто така, тој не користи лекови, јаде храна без зачини, а секојдневно вежба јога.
-Дисциплината е најважна работа во животот. Со дисциплината може да се победи сѐ, навиките во исхраната, сексуалната желба. Контролирањето на своите потреби е најголема умешност во животот. Живеам толку долго бидејќи материјалните нешта не ми се битни и не ме прават среќен. Роден сум во сиромаштија и никогаш немав големи потреби во животот. Луѓето денес се несреќни, нездрави и стануваат нечесни, што ме растажува. Сакам луѓето да бидат среќни и здрави, како и да бидат во мир со себеси и светот – рекол Сивананда.

Свами е висок 158 цм, никогаш не спиел на кревет ниту користел перница – спие на под на душек, а како перница користи цигли. Луѓе од цела Индија доаѓаат кај него во потрага по совети.
-Порано не сакав да се експонирам пред јавноста, бидејќи тие нешта немаат никаква цел во животот. Но, моите следбеници би биле многу среќни кога би го виделе моето име во Гинисовата книга на рекорди – заклучил тој.Свами Сивананда, кој според податоците во пасошот е роден на 8 август 1896 година во Индија, тврди дека цел живот апстинирал од секс. Исто така, то

Loading...