Имате миризлива елкичка во автомобилот? – Можеби токму затоа ве боли главата!

Ако во вашиот автомобил имате „борче“ или некој друг освежувач на воздухот, не се чудете зошто имате главоболки, вртоглавици и мачнини во текот на возењето.Освежувачите на воздухот го освежуваат автомобилот со отрови, меѓу кои се:
Фталати – Меѓународната организација за заштита на животната средина направи истражување во кое се покажа дека 86% од испитуваните освежувачи на воздух ги содржат опасните фталати. Фталатите се користат како омекнувачи на пластика, агенси против пенење на аеросолите, се додаваат во винилот што се употребува за производство на детски играчки, автомобили, бои, пестициди и сл. Според истражувањето „најголемиот број фталати го зголемуваат нивото на тестостерон, поради што индиректно влијае врз репродуктивните аномалии“.
Ацетон – познат и докажан отров кој може да го оштети кој било орган во телото на човекот;
Бутан и изобутан – најпознати како „течност“ на запалките. Сериозни токсини кои влијаат врз мозокот и нервниот систем;
Формалдехид – континуираното вдишување се поврзува со ракот на гормите дишни патишта;
Течен нафтен гас и нафтен дестилат –  кај лицата кои подолго време се изложени на овие супстанции се јавуваат вртоглавица и главоболка;
Пропан – екстремно опасен токсин  со штетни последици по црниот дроб, бубрезите, кожата, кардиоваскуларниот, респираторниот систем и нервниот систем;
Парфем – Раствор кој содржи 400 различни состојки од кои 95% потекнуваат од нафтените деривати поради што се поврзува со цела низа здравствени проблеми – од главоболки и вртоглавици до депресија и промена на расположението;
Бензен – докажано е дека предизвикува рак кај луѓето.
Затоа, следниот пат кога ќе влезете во автомобил, врзете ги појасите и фрлете ги освежувачите.Освежувачите на воздухот го освежуваат автомобилот со отрови, меѓу кои се:
Фталати – Меѓународната орган

Пронајдете не на следниве мрежи: