Имате опседната куќа? – Еве како да се спасите!

„Опседнати живеалишта“ е служба која ќе го направи ова за вас, ќе ги истера духовите од вашата опседнат куќа и ќе ги растури магиите кои ви ги направиле вашите душмани.Е сега, пред да помислите што и да помислите, прочитајте го ова: Луѓево целата услуга ќе ви ја направат буквално бесплатно. Нивната цел е да ја подигнат свеста на луѓето дека вквите нешта постојат – ова го изјавуваат на ниваната Фејсбук страна.
„Целта ни е да ја издигнеме свеста дека овие појави постојат, но дека луѓето не треба да се плашат од нив, бидејќи има решение. Доколку некој има таков проблем во куќата или чувствува некое негативно присуство што ги надгледува и следи, ние сакаме да објасниме и да идентификуваме од каде доаѓа сето тоа и преку верата во Бога и начини на ослободување од демони и проклетства, да им покажеме на луѓето како да се ослободат од ропството на Сатаната, кој секојдневно им наметнува страв, грижи и страдања“, – велат членовите на оваа служба.

Интересно е што оваа служба постои веќе цели шест години, а членовите велат дека вербата во бога, молитвата и духовнта свест се „златните куршуми“ против демоните и магиите. „Ние не сме гатачи ниту исцелители, туку едноставно им помагаме на луѓето да се борат против овој проблем. Користиме посебна опрема која работи на електромгнетни бранови и ги снима сите поместувања на гласови во просторијата,“– велат овие луѓе.
Извор. think.mk
 Е сега, пред да помислите што и да помислите, прочитајте го ова: Луѓево целата услуга ќе ви ја направат буквално бесплатно. Нивната цел е да ја под

Пронајдете не на следниве мрежи: