Имате проблем со испукани пети? -Еве како да си помогнете!

Некои луѓе, за среќа, го немаат проблемот со испукани пети, но повеќето не можат да го избегнат. Има многу лекови, многу совети, а сепак секој нов е добредојден.Заврши летото, сезона кога најчесто се осмелуваме да ги собуеме обувките и да прошетаме со голи стапала.
Но, тогаш најмногу патат петите. Може да станат груби и да испукаат. Секако, тие не се поштедени и во другите периоди, петите најчесто огрубуваат и поради лоши обувки и недоволно нега.
Зависи од тоа колку се изложени на надворешни влијанија, зависи од самата кожа, од чорапите, од чевлите…
Некои луѓе, за среќа, го немаат проблемот со испукани пети, но повеќето не можат да го избегнат. Има многу лекови, многу совети, а сепак секој нов е добредојден. Еве неколку:
• Нанесете дебел слој од кое било растително масло на петите откако ќе ги измиете и исушите. Облечете чорапи и носете ги преку ноќ.
• Испасирајте зрела банана и нанесете ја на испуканите пети. Оставете да отстои 10 минути и потоа исплакнете ги петиците.
• Киснете ги петиците во сок од лимон 10-тина минути. Правете го ова еднаш неделно.
Дневниот режим на чистење и хидрирање на петиците може да помогне да се спречи нивното сушење и пукање.Заврши летото, сезона кога најчесто се осмелуваме да ги собуеме обувките и да прошетаме со голи стапала.

Пронајдете не на следниве мрежи: