Советот на Општина Кочани денеска одржа вонредна седница по трагедијата во дискотеката „Пулс”.
По едноминутното молчење во знак на почин кон загинатите, претседателот на Советот Лазо Митев информираше дека прогласува седумдневна жалост во општината.
Во трагедијата загинаа 59 лица, а 155 се повредени.



