Тајни друштва го контролираат светот, а според големиот број тврдења, една таква организација е мистериозниот Институт „Тависток“. Во денешниот прв дел, ќе прочитате за почетоците и развојот на овој институт.„Институтот за човечки односи Тависток ги користи социјалните науки за решавање на современите прашања и проблеми. Основен е како непрофитна и хуманитарна организација во 1947 година“ – пишува на официјалниот сајт на институтот, чие седиште е во Лондон.
Институтот е посветен на „истражувањето на човечките односи поради подобрување на работниот живот и услоци за сите луѓе во своите организации, заедница и друштва, како и влијанието на опкружувањето во сите свои аспекти на формирање и развој на човечкиот карактер и капацитет“.
„Тависток се развиваше брзо, како би станал главен таен институт за „перење на мозокот“. Спонзориран е од британската круна, лорд Ротшилд и Рокфелерови. Докуметите кои ги разгледав, покажуваат дека целта на работата во куќата Велингтон беше да ги убеди Британците да влезат во војна со Германците и успеаа во тоа“ – пишува д-р. Колмен.
Како што продолжува д-р Колман, најзначајна личност на Институтот бил Едвард Бернајс, внук на Сигмунд Фројд и пионир на полето на пропаганда и односи со јавност. Јозеф Гебелс, министерот за пропаганда на Хитлер, ги користел неговите методи за да ја контролира масата луѓе.
Во утрешниот втор дел, ќе имате можност да прочитате за експериментите и проектите на Тависток: Институтот „Тависток“ – организација која владее и манипулира со светот?! – II дел.„Институтот за човечки односи Тависток ги користи социјалните науки за решавање на современите прашања и проблеми. Основен е како непрофитна