Интензивно се градат новите автопати

Градежната механизација е на терен. Интензивно се градат новите автопати, активно се работи на повеќе делници низ земјава. Со кинески пари се реализираат Миладиновци – Штип и Кичево – Охрид, со проектот Демир Капија – Смоквица се заокружува Коридорот 10 на ниво на автопат, се работи на потегот од Куманово до Миладиновци, од Смоквица до Гевгелија. Вкупно се инвестираат над 800 милиони евра, пишува Лидер.мк.-Ова е историски важен момент за државата и за развојот на нејзината економија зашто првпат паралелно се работи на вкупно 165 километри делници, дел се во градба, а дел се реконструираат, што е инвестиција вредна 800 милиони евра. Ангажирани се околу 2.500 луѓе и тоа е сериозен поттик за македонското градежништво, како и за останатите поврзани стопански гранки, вели премиерот Емил Димитриев.
Кичево – Охрид готов до 2018-та година
Новиот автопат до најголемиот туристички центар во земјава треба да биде готов до 2018-та година. Годинава ќе бидат завршени половина од предвидените градежни работи. На терен се 1.200 работници и над 550 градежни машини.
-Градежните работи на автопатот се одвиваат според предвидената динамика. За време на претстојните летни одмори долж трасата ќе биде поставена дополнителна патна сигнализација за да се зголеми безбедноста во сообраќајот, вели директорот на ЈП за за државни патишта, Александар Стојановски.
Автопатот од Кичево до Охрид се вика „Мајка Тереза“ и е во должина од 57 километри. Инвестицијата е вредна 374 милиони евра. Веќе се пробиени 80 проценти од трасата, во моментов се пробива тунелот кај Пресека.
-Интензивно се работи на неколку локации истовремено, со цел да се испочитуваат одредбите од договорот за изградба. Очекувам дека до крајот на оваа година ќе бидат завршени половина од градежните работи, вели министерот за транспорт и врски, Владо Мисајловски.
Според проценките, патувањето до Охрид ќе се скрати и за повеќе од половина час. Автопатот ќе има две ленти од двете страни, дополнителни ленти за запирање, зелен појас на средина, шест надвозници и тринаесет подвозници, што укажува дека се работи за исклучително комплексен проект за изведба.
Автопатот до Штип готов в година
Деведесет и пет проценти од трасата на автопатот Миладиновци – Штип се веќе пробиени, завршени се околу 40 проценти од градежни работи, асфалтирани се првите километри. Автопатот во должина од 47 километри треба да биде целосно готов в година. Оваа инвестиција е вредна 206 милиони евра и се реализира во партнерство со Кинезите. На проектот работи кинеската компанија „Синохидро“, со „Гранит“ и со „Бетон“ како подизведувачи.
На автопатот ќе има седум клучки, пет подпатници, армирано бетонски мост и пет вијадукти.Патувањето од Скопје преку Свети Николе до Штип ќе биде преполовено.
„Динамиката се одвива според планираното. Можно е да се случат и некои непредвидени работи, но цврсто сум убеден и верувам дека следната година ќе имаме нов, модерен автопат што македонските граѓани го заслужуваат“ – вели министерот Мисајловски.
Финишираат работите на Демир Капија – Смоквица
Во завршна фаза е изградбата на делницата од Демир Капија до Смоквица со што Коридорот 10 ќе се заокружи на ниво на автопат. Проектот, вреден 210 милиони евра, треба да финишира до крајот на годинава или најдоцна до почетокот на 2017-та.
Се работи за делница од 28,2 километра, а веќе се пробиени двата двоцевни тунела. Вкупниот прогрес на градежните работи е околу 78 проценти.
-Изградбата на овие автопатски делници претставува изградба на капитални проекти од национално значење, бидејќи само со овие автопатски делници се зголемува вкупната автопатска мрежа во државава за 50 проценти, вели владиниот портпарол, Александар Ѓеоргиев.
Се санираат постојните автопатски делници
Освен изградбата на новите автопатски делници се работи и на санација на постојните. Во април започнаа градежните работи за рехабилитација на автопатот од Куманово до Миладиновци.
Оваа автопатска делница е во должина од 23 километри и претставува дел од Коридорот 10. Изградбата е предвидено да трае 15 месеци, а веќе се реализирани околу 7 проценти од градежните работи. Проектот се проценува на околу 18 милиони евра, а се реализира со пари од ИПА и со средства од буџетот на земјава.
Исто така, отпочнато е и со градежни работи за рехабилитација на трасата од Смоквица до Гевгелија во должина од 10,15 километри, проект што повторно се реализира со пари од ИПА и од буџетот. Ќе се градат нови четири мостови со  конструкција на ниво за автопат. Проектот се реализира со рок на изведба од 12 месеци, а досега вкупниот прогрес на градежните работи изнесува20 проценти. Вкупната инвестиција изнесува 4,2 милиона евра.
 -Ова е историски важен момент за државата и за развојот на нејзината економија зашто првпат паралелно се работи на вкупно 165 километри делници, де

Пронајдете не на следниве мрежи: