Ирвинг најдобар „тројкаџија“, Рос најдобар во забивање

Кошаркарот на Торонто Теренс Рос, ја освои титулата во забивање, додека играчот на Кливленд, Кајри Ирвинг победи во шутирање тројки на 62-то издание на „Ол Стар“ викендот.Рос, доби 58 отсто од гласовите на публиката, со кои во финалето го победи минатогодишниот победник Џереми Еванс од Јута.Овие двајца до финалето стигнаа и благодарение на гласовите на жирито во кое беа легендите на НБА: Хаким Олајџувон, Клајд Дрекслер, Дикембе Мутомбо, Руди Томјановиќ и Јао Минг.Ирвинг титулата во шутирањето тројки ја освои откако во финалето погоди 23 коша, тој за два коша беше „покус“ од рекордот на Џејсон Капоно. Во финалето Ирвинг го победи играчот на Сан Антонио Мет Бонер.
МакфаксКошаркарот на Торонто Теренс Рос, ја освои титулата во забивање, додека играчот на Кливленд, Кајри Ирвинг победи во шу

Пронајдете не на следниве мрежи: