Искористете ги овие совети за првиот секс со новиот партнер

Новото сексуално искуство со себе носи пред сè возбуда и забава, но и голем број на непријатности. Поголемиот дел од луѓето сакаат да се покажат во најдобро светло пред новиот партнер, а ако бидете спонтани и опуштени успехот нема да изостане.Еве неколку совети кои треба да ги следите…
Не планирајте
Со сигурност ви се случило некогаш некој настан да го планирате со денови за на крајот сепак да се случи фијаско. Спонтаните нешта сепак се најдобри и токму затоа не се оптеретувајте премногу. Ако некој ви се допаѓа и мислите дека би можело да дојде до жешки игри, погрижете се кај себе да имате заштита, а на себе убава и заводлива долна облека.
Опуштете се
Мозокот е многу помоќен отколку што мислите дека е, па токму поради тоа е важно да се насочите кон позитивен и еротичен тек на мислите. Бидете сконцентрирани на желбата и страста, а така ќе бидете и на одличен пат за да ги откриите магиите на тантричкиот секс.
Нека почнат предигрите!
Сеедно кој ќе ги води, важно е и двајцата да уживате и да им се препуштите на допирите и истражувањата на вашите тела. Не срамете се, бидејќи при толкава страст вашиот партнер нема да се оптеретува со вашиот вишок на килограми или можеби сокриените лузни.
Истражете го секое ново делче
Додека нежно и страствено се бакнувате, користете ги врвовите на вашите прсти за да поминувате по телото на партнерот и да го запознавате. Не држете се строго до ерогените зони и дозволете ѝ на фантазијата да биде дива. Истражете што го возбудува, што го излудува, а што сепак не му годи.
Намалете ги очекувањата
Никако не влегувајте во оваа авантура мислејќи дека ќе имате филмски крај.. Понекогаш, иако луѓето чувствуваат привлечност на прв поглед и имаат фантастичен контакт на почетокот, сексот сепак не е ниту одблиску до она што очекувале да биде. А ако размислите подобро, тоа е и логично бидејќи тремата и нервозата даваат значаен придонес, особено ако некој премногу ви се допаѓа.
Не глумете
Доколку играта на партнерот не ви одговара или би сакале да ја промените позата, кажете му го тоа. Не очекувајте тој да ви ги чита мислите, бидејќи е голема веројатноста дека нема да ги погоди.Еве неколку совети кои треба да ги следите…
Не планирајте
Со сигурност ви се случило некогаш некој настан д

Пронајдете не на следниве мрежи: